Знаете ли зошто повеќето принцези од Дизни немаат мајки?
Дали сте забележале дека поголемиот дел од главните ликови од цртаните филмови на Дизни или остануваат без родители или родителите, особено мајките, воопшто не се спомнуваат? На пример, доколку сте го гледале цртанот „Малата сирена“, сигурно се сеќавате на таткото на Ариел, кралот Тритон, но што е со нејзината мајка? Мајката на Ариел, кралицата Атена се појавува дури во продолжението на цртанот во кој се прикажува детството на малата сирена и дознаваме дека Атена починала кога Ариел била многу мала.
Истата судбина ги снашла речиси сите мајки на главните ликови од Дизни цртаните. Долгогодишниот продуцент на Дизни, Дон Хан, открил зошто е тоа така. Постојат две теории за ова, од кои едната е поврзана со практичноста, а другата со тажната приказна од минатото на Волт Дизни.
„Цртаните на Дизни траат по 80 или 90 минути и говорат за созревањето. Говорат за оние денови во животот кога мора да преземете одговорност за сопственото однесување. Просто кажано, созревањето на ликовите оди многу побрзо ако ги изоставите родителите. Мајката на Бамби е убиена, па затоа тој мора да порасне. Бела од ’Убавицата и ѕверот’ има само татко, но тој ќе се изгуби, па таа мора да ја преземе неговата улога. На тој начин се забрзува приказната“, открил Хан во едно интервју.
Ова има логика, бидејќи во многу бајки кои претставуваа основа на цртаните филмови, родителите се починати, што значи дека Дизни само останал верен на оригиналниот материјал. Но, според втората теорија, причината за непостоењето на ликот на мајката е поврзана со самиот Волт Дизни.
Имено, во раните 40-ти години од минатиот век, Дизни им купил куќа на неговите родители. Кратко по вселувањето, мајка му на Волт починала од гушење со јаглерод моноксид кој истекол од неисправниот шпорет. Дизни никогаш не зборувал за тоа, бидејќи се чувствувал виновен за таа трагедија. Дон Хан верувал дека Волт бил прогонуван од смртта на неговата мајка и поради тоа ги одбегнувал ликовите на мајките во неговите цртани филмови.
„Волт Дизни сакал да го оствари неговиот сон од детството и да им купи куќа на родителите, но тоа завршило трагично. Откако за 5 години ги снимил ’Фантазија’, ’Дамбо’, ’Пинокио’, ’Бамби’ и ’Снежана’, тој им купил куќа на неговите родители, тие се преселиле во Орегон и мајка му починала. Тоа го скршило, што е сосема разбирливо“, изјавил Дон Хан.
Па, што мислите вие на оваа тема? Која од овие две теории е вистинската?
Сакате да дознаете уште мистерии поврзани со цртаните филмови на Волт Дизни? Дознајте зошто принцезите од Дизни секогаш носат фустани во сина боја.