Знаете ли зошто никогаш не треба мобилниот телефон да го носите во вашиот џеб?
Ако сѐ уште се двоумите околу тоа дали мобилниот телефон може да биде опасен по вашето здравје, тогаш би требало да слушнете што има да ви каже доктор Девер Дејвис околу ова. Имено, тој предупредува за ризикот кој постои кога мобилниот телефон е во допир со кожата.
Имено, снимките од мамографија на една 39-годишна жена од Кина која живее во Америка, вегетаријанка од Калифорнија, покажале дека таа имала неколку формирани тумори токму на местото каде што го носела мобилниот телефон – на десната страна на градите (мобилниот телефон ѝ висел таму, по 4 часа дневно, во период од 7 години). Истражувачите од Универзитетот во Екстер откриле мал, но константен пад на квалитетот на спермата кај мажите чии гениталии биле изложени на зрачење од мобилниот телефон. Иако тие не пронашле поврзаност помеѓу зрачењето на телефонот и слабата плодност, откритието би можело да ја објасни досега нејасната појава на опаѓање на бројот на сперматозоиди во примероци ширум целиот свет. Последиците се најлоши за оние мажи кои се изложени и на други фактори на ризик кои влијаат на бројот на сперматозоиди.
„Ако се земе предвид зголемената употреба на безжични уреди и општиот пад на квалитетот на спермата кој е забележан во изминатите 10 до 20 години во развиените земји, оваа тема би требало да се испита подетално“, рекла Фиона Метјуз, еден од истражувачите.
За секој случај, подобро е да го носите телефонот во вашата чанта или јакна.