Знаете ли зошто мачките повеќе се наклонети кон жените?

Знаете ли зошто мачките се понаклонети кон жените?

Мачките се мали и слатки суштества кои сакаат да се галат и да си играат со своите сопственици. Но, дали сте знаеле дека за тоа тие повеќе ги преферираат жените? Според едно спроведено истражување, мачките, и мажјаците и женките, повеќе уживаат во женското друштво отколку во друштво на мажите. Се прашувате зошто е тоа така? Откријте во продолжение!

Знаете ли зошто мачките повеќе се наклонети кон жените?

Жените имаат понежен глас

Женскиот глас, за разлика од оној на мажите, звучи понежно. Па, исто како што и децата подобро реагираат и повеќе се привлечени од понежни тонови на гласот, така се и мачињата. Тие уживаат да ги слушаат како зборуваат нивните сопственички, а жените и повеќе се склони кон обраќање на нивните мали крзнени животни. Исто така на мачките им е полесно да комуницираат со жените кога ќе им треба нешто.

Женските раце и допирот

Општо земено, жените имаат понежни и помеки раце од мажите. Кога ги галат своите мачки, тие прават понежни допири со дланките, отколку што тоа може да го направат мажите. Доколку жената повеќе внимава како ќе ја допира мачката, многу веројатно е дека таа ќе создаде посебна врска со неа.

Мајчински инстинкти

Бидејќи жените имаат природен инстинкт да се грижат за бебиња, тие истото го прават и со мачките. Најважно за секој домашен миленик е да биде нахранет, а во повеќето случаи тоа го прави жената во куќата, па така, мачката повеќе се поврзува со оној кој ѝ обрнува најмногу внимание. Исто така, грижата која ја овозможува жената, ја потсетува мачката на нејзината мајка, па така покажува повеќе љубов.

Слични карактерни особини

Како што во повеќето случаи кучето е најдобар пријател на мажот кој го придружува во надворешните активности, прошетката и трчањето, така мачките во поголем дел повеќе се поврзани со нивните сопственички. Бидејќи и мачките постојано сакаат да бидат чисти и уредни, тоа многу потсетува на женските карактеристики.

Поголема интеракција

Мачките имаат тенденција да ги избираат жените затоа што тие поминуваат повеќе време со нив. А колку повеќе внимание добиваат од една личност, толку е поверојатно тие да ја возвратат истата количина љубов. Исто како и љубовта која постои помеѓу луѓето, колку повеќе љубов и внимание ќе ѝ подарите на вашата мачка, толку посилна ќе биде вашата врска.

Сѐ уште не сте сигурни дали сакате да чувате мачка? Погледнете ги овие причини кои ќе ве убедат да го направите тоа што е можно побрзо!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар