Знаете ли зошто легендарните цртани ликови имаат бели ракавици?

Знаете ли зошто легендарните цртани ликови имаат бели ракавици?

Прашањето зошто многу славни цртани ликови носат бели ракавици, потекнува уште од цртаниот филм „An Extremely Goofy Movie“ од 2000 година кога Боби Зимеруски, пријател на главниот лик Макс Гуф, погледнува во своите раце и прашува: „Што мислиш, зошто ние секогаш носиме бели ракавици?“

Знаете ли зошто легендарните цртани ликови имаат бели ракавици?

Тогаш не дошол одговорот, но затоа, неколку години подоцна, Џон Кенмејкер, кој ги проучувал анимациите и е професор на Универзитетот во Њујорк, истакнал дека постојат три причини поради кои многу класични анимирани ликови носат бели ракавици. Еве за кои станува збор.

1. Цртањето ракавици заштедува време

Кога била родена анимацијата, уметниците по одредено време сфатиле дека многу полесно им е да нацртаат ракавици, отколку да цртаат раце со сите детали на нив. На тој начин цртањето било и побрзо и поедноставно.

2. Белите ракавици повеќе се истакнуваат

Во црно-белите анимирани филмови, црните раце биле тешко воочливи покрај црното тело на ликовите. Затоа, аниматорите им ставиле бели ракавици за рацете повеќе да бидат истакнати.

Знаете ли зошто легендарните цртани ликови имаат бели ракавици?

3. Волт Дизни сакал на ликовите да им даде човечки карактеристики

Во својата биографија од 1968 година, „The Disney Version“, самиот Волт Дизни дал одговор на прашањето зошто одлучил Мики Маус, како прв анимиран лик кој го создал, да носи ракавици. Така, тој објаснил дека не сакале овој лик да има раце на глувче, затоа што било замислено да има човечки ракавици, па затоа и така му ги нацртале.

Знаете ли зошто легендарните цртани ликови имаат бели ракавици?

Интересно е тоа што многу птици во цртаните филмови не носат ракавици. Но, експертите за анимација посочуваат дека можеби никогаш нема да добиеме објаснување за оваа одлука.

Знаете ли зошто легендарните цртани ликови имаат бели ракавици?

Во англискиот јазик постои и израз „white glove test“ (тест на бели ракавици), кој означува важност дека нешто е направено беспрекорно, прецизно и без грешки.

Знаете ли зошто легендарните цртани ликови имаат бели ракавици?

Тоа потекнува од практиката која настанала во САД во 1950-тите години, кога се ставале бели ракавици, па потоа со прстите се поминувало по одредена површина за да се утврди колку е истата чиста.

Знаете ли зошто легендарните цртани ликови имаат бели ракавици?

Погледнете го и видеото за подетално објаснување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар