Знаете ли зошто пластичното јајце што се наоѓа во чоколадното Киндер изненадување е жолто?
Киндер јајцето е омилениот сладок десерт на секое дете, освен во Америка каде што е забрането. Тоа било создадено во Италија во 1972 година, а негов креатор е Вилијам Салис. Во почетокот, најпрво се купувало за Велигден, што се проширило како обичај ширум Италија.
Ова необично чоколадо со играчка внатре всушност настанало во доцните 60-ти години, а во масовна продажба се нашло дури во 1974 година. Вистинскиот назив на Киндер јајцето е „Киндер Сорпреса“, што значи Киндер изненадување, но меѓу децата и возрасните е познато како Киндер јајце.
Со децении родителите им го купуваат ова слатко чоколадо на своите деца како еден вид награда, изненадување или уживање во собирање на играчките кои се наоѓаат внатре, а тие едноставно го обожаваат – како неговиот вкус, така и играчката што ја содржи.
Но, знаете ли зошто јајцето во кое се наоѓа играчката е жолто? Иако навидум изгледа логично, многумина не размислуваат за тоа. Жолто е затоа што треба да изгледа како вистинска жолчка. Кога ќе се гризне чоколадното јајце, внатрешноста треба да потсетува на жолчка од вистинско јајце. Звучи логично, се согласувате? Но, сигурно досега не ви паднало на памет…
Zaso u Stip ki der jajcata se po 60 den ?