Знаете ли за што е одговорен секој дел од мозокот?
Во 1861 година, во една париска болница пристигнал пациент кој постојано го повторувал зборот „тен“. Неговиот доктор открил дека овој човек разбира сѐ, но дека не може да изговори ништо друго освен тој збор. Кога пациентот неочекувано умрел неколку дена подоцна, му била направена аутопсија при што била откриена лезија на мозокот во левиот фронтален лобус, наведувајќи на тоа дека овој дел од мозокот е одговорен за говорот. Тогаш научниците ја прифатиле идејата дека мислиме со нашиот мозок, а не со срцето. Потоа, направените истражувања врз животни откриле дека различни делови од мозокот се одговорни за различни ментални функции.
Докторите пронашле пациенти со специфични недостатоци и истите ги поврзале со оштетените делови од мозокот. Од овие пациенти тие утврдиле дека новите спомени се формираат во хипокампусот и дека стравот доаѓа од делот наречен амигдала.
Понатаму, во деведесеттите години била развиена функционалната магнетна резонанса (FMRI – Functional Magnetic Resonance Imaging) која ја мери активноста на мозокот на тој начин што ги детектира промените поврзани со протокот на крв. Па, се утврдило дека дури и најосновните задачи бараат мозочна активност.
И покрај познавањето на „мозочната мапа“ која објаснува кој дел е одговорен за одредени функции, на пример за разбирање, организирање, зборување, паметење и слично, сепак, човечкиот мозок бара уште многу истражувања.
Погледнете го видеото за подетално да се запознаете со некои аспекти од овој сложен човечки орган.