Знаете ли во која боја изгледаме најпривлечно?

Знаете ли во која боја изгледаме најпривлечно?

Без разлика на вашиот стил, никој не може да го негира фактот дека луѓето често ве доживуваат според начинот на облекување. Но, колкава е навистина моќта на облеката? Едно неодамнешно истражување ни покажало дека луѓето ги сметаат за најпривлечни и најпаметни оние кои носат црна боја.

Знаете ли во која боја изгледаме најпривлечно?

Во ова истражување учествувале над 1.000 испитаници кои одговарале на прашања кои ја откриваат поврзаноста на боите со одредени квалитети. Во сите позитивни категории црната боја освоила прво или второ место, односно се дошло до заклучок дека оние кои носат црна облека, вклучувајќи ги и двата пола, се доживуваат како најпривлечни, најинтелигентни и најсамоуверени.

Во категоријата за самоувереност, на второ место се нашла црвената боја, а на првото место во категоријата за ароганција. Исто така само 12% ја поврзале со интелигенцијата. Од друга страна пак, оние кои носат жолта, портокалова и розова боја се доживуваат како најмалку интелигентни. Црвената била на второ место и во категоријата за привлечност, додека пак на третото се наоѓала сината. Оние кои носат кафеава облека најчесто се сметаат за најмалку привлечни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар