Знаете ли што е карактеристично за овие 9 познати актери?

Знаете ли што е карактеристично за овие 9 познати актери?

Поголемиот дел од љубителите на филмовите можат да ги препознаат и нивните режисери според карактеристичните сцени и техниките на снимање, но ако добри ги погледнете различните улоги на дел од најпознатите актери, ќе сфатите дека и тие имаат одредени гестови според кои се препознатливи. Во продолжение следуваат 9-те најистакнати што сигурни сме дека и вие самите сте ги забележале.

Капите на Џони Деп

(1) znaete-li-shto-e-karakteristichno-za-ovie-9-poznati-akteri-www.kafepauza.mk (2) znaete-li-shto-e-karakteristichno-za-ovie-9-poznati-akteri-www.kafepauza.mk

Едноставно не можете да го замислите овој талентиран актер во улогите на Џек Спероу, Вили Вонка или Лудиот шапкар без капа! Дури и кога не глуми лик од бајките, тој постојано носи капа на неговата глава, а неговите фанови обожаваат кога и во реалноста го гледаат со овој стил.

Ораторските способности на Семјуел Л. Џексон

(3) znaete-li-shto-e-karakteristichno-za-ovie-9-poznati-akteri-www.kafepauza.mk (4) znaete-li-shto-e-karakteristichno-za-ovie-9-poznati-akteri-www.kafepauza.mk

Семјуел Л. Џексон ги обожава своите говори. Првиот пат кога имал можност да го направи ова било преку својата улога во „Евтини приказни“ (Pulp Fiction) и оттогаш овој актер продолжил да ја користи својата елоквентност за уживање на фановите.

Брилијантните здравици на Леонардо Дикаприо

(5) znaete-li-shto-e-karakteristichno-za-ovie-9-poznati-akteri-www.kafepauza.mk (6) znaete-li-shto-e-karakteristichno-za-ovie-9-poznati-akteri-www.kafepauza.mk

Не постои човек што ќе даде подобра здравица од Леонардо Дикаприо. Тој ја подигна својата прва чаша како Џек Досон во „Титаник“ (Titanic), кога беше млад и заљубен. Потоа истото го направи во „Џанго Разузданиот“ (Django Unchained), „Волкот од Волстрит“ (The Wolf of Wall Street) и секако, како Големиот Гетсби (The Great Gatsby).

Преминете на следната страница за повеќе актери и нивните специфични сцени…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар