Знаете ли како розовата боја станала карактеристична за девојчињата, а сината за момчињата?

Знаете ли како розовата боја станала карактеристична за девојчињата, а сината за момчињата?

Фотографиите од бебиња во доцните 1800-ти години, покажуваат дека децата се во бела облека, а преминот кон розова и сина боја се одвивал постепено. Со векови женските деца носеле практични бели фустанчиња, кои биле лесни за одржување и чистење. Пастелната детска облека била воведена во средината на 19-тиот век, но според историчарката Џо Б. Паолети, боите најпрво не биле одредени според полот.

Знаете ли како розовата боја станала карактеристична за девојчињата, а сината за момчињата?

Во една статија од 1918 година пишувало дека општо прифатено правило е розовата боја да биде за момчињата, додека пак сината за девојчињата. Причината за тоа е што розовата боја е силна, погодна за момчињата, додека пак сината е нежна, што повеќе одговара за девојчињата. Друг извор пак наведувал дека сината им одговара на русите личности, розовата на бринетите, или пак дека сината е соодветна за бебињата со сини очи, а розовата за оние со кафеави очи.

Во 1927 година едно списание објавило графикон кој ги прикажува соодветните бои за децата според нивниот пол, во согласност со водечките продавници во Америка, а во 1940-та година производителите одредиле дека розовата боја им припаѓа на девојчињата, а сината на момчињата, па новите мајки така почнале да ги облекуваат своите деца.

Но, тоа не е крај на приказната. Поради женското движење за ослободување, универзалната облека била присутна до доцните шеесетти и седумдесетти години. Сепак, розовата и сината боја се вратиле во осумдесеттите години, па кога родителите го дознавале полот на децата, тие ја подготвувале собата за новороденчето во соодветната боја. Производителите виделе прилика и сфатиле дека родителите ќе купат цел комплет производи ако го знаат полот на детето. Овој тренд е останат и до ден денес, иако постои и побарувачка за неутрална боја на облека.

Знаете ли како розовата боја станала карактеристична за девојчињата, а сината за момчињата?

Паолети вели дека додека истражувала со цел да пронајде информации за да ја напише својата книга, таа станувала сѐ повеќе критички настроена кон овој тренд.

„Загубата на неутралната облека е нешто за што луѓето треба повеќе да размислуваат. Сега постои зголемена побарувачка за неутрална боја на облека за бебиња и деца“, вели таа.

Доказите дека розовата и сината боја не биле секогаш поделени според полот, ни дава надеж дека неутралните бои може повторно да се вратат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар