Знаете ли како е полното име на Пајо Паторот?

Знаете ли како е полното име на Пајо Паторот?

Автор: Весна Јовановска

Да се потсетиме на цртаните филмови од детството. Кој Дизни-јунак ви е најомилен? Дали е тоа можеби Доналд Фаунтлерој Дак или кај нас попознат како Пајо Паторот? Ако е така, еве некоја информација плус за овој анимиран лик.

Знаете ли како е полното име на Пајо Паторот?

Тој за првпат се појавува на 9 јуни 1934 година, во цртаниот филм „Паметна мала кокошка“. Во приказната, Пајо Паторот и неговиот пријател г-дин Свиња се мрзеливи, постојано танцуваат и одбиваат да работат. Погледнете и потсетете се што понатаму се случува во цртаниот…

Три години подоцна, Пајо Паторот добива и сопствен цртан филм, а на врвот се искачува кога Дизни ги создава неговите внуци Рајо, Гајо и Влајо. Речиси секогаш е во морнарска кошула и не носи панталони. Една од информациите кои кружат, но до ден денеска не се потврдени, е дека токму заради тоа што е без панталони, Пајо Паторот бил забранет во Финска. Како и да е, за ваквиот изглед  е заслужен познатиот американски цртач, Карл Баркс.

Знаете ли како е полното име на Пајо Паторот?

Со смешниот глас кој му го позајмува Кларенс „Даки“ Неш, овој мрзелив Патор ги освои срцата на милиони лица пред малите екрани. Уживаа во неговите лудории, несмасните потези, интересни изблици на лутина. По смртта на Неш во 1985 година, новиот глас на Пајо Паторот е на Тони Анселмо. За да го долови овој специфичен начин на зборување, Анселмо бил претходно обучуван токму од Неш. Дури и синхронизираните верзии на цртаните со овој анимиран јунак, одлично беа прифатени.

Знаете ли како е полното име на Пајо Паторот?

Сега Пајо Паторот има 77 години, сопствена ѕвезда на улицата на славните во Холивуд и Оскар за најдобар краток анимиран филм. Оскарот го добива во 1942 година за  филмот „Fuehrer’s Face“.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. anomis Reply

    se pojavil pred 58god tocno na datumot koga sum se rodila yey

Остави коментар