Знаењето е венец на главата, а богатството јарем на вратот: Персиски поговорки и мудрости

Знаењето е венец на главата, а богатството јарем на вратот: Персиски поговорки и мудрости

Персиската култура изобилува со мудри изреки и интересни поговорки кои се длабоко вкоренети во нивното подрачје и се пренесуваат од колено на колено. Прочитајте ги следниве персиски мудрости кои кријат длабоки вистини за човечкиот живот…

Знаењето е венец на главата, а богатството јарем на вратот: Персиски поговорки и мудрости

1. Ако удрите со глава во пехар и чуете шуплив звук, не донесувајте веднаш заклучок дека пехарот е празен.

2. Нежната рака и слонот може да го води за едно влакно.

3. Плаши се од оној кој се плаши од тебе.

4. Подобро е да работите бесплатно, отколку ништо да не работите.

5. Властољубивата жена е маж на својот маж.

6. Дај му секому леб, но не земај го од секого.

7. Знаењето е венец на главата, а богатството јарем на вратот.

8. Има 3 вида непријатели: Непријател, непријател на пријателот и пријател на непријателот.

9. Кога срцето е чисто и јазикот е храбар.

10. Каква рака ќе дадете, таква и ќе добиете.

11. Како што водата не останува на висините, така добрината и мудроста не се наоѓаат помеѓу горделивите.

12. Тој што никогаш не љубел, никогаш не бил среќен.

13. Кривото дрво од корен е криво.

14. Лагата е како рана: Дури и да заздрави, браздите остануваат.

15. Надежта е леб за несреќните.

16. Не плаши се од хидра со 7 глави, туку од човек со 2 лица.

17. Разделбата ја зачинува вистинската љубов, а ја труе лажната.

18. Скршената рака сѐ уште може да работи, но скршеното срце никогаш.

19. Среќата брзо нѐ напушта, но надежта никогаш.

20. Срцето на неблагодарникот личи на пустина која ненаситно го пие небесниот дожд, жедно го голта, а ништо не носи.

21. Срцето не е чаршаф за да се простира пред секого.

22. Стрелата му нанесува болка на телото, а јазикот на душата.

23. Човечноста не го збогатува само оној кој ја добива, туку и оној кој ја дава.

Прочитајте ги и следниве 117 германски поговорки и мудри изреки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар