Знаци кои покажуваат дали ќе останете со партнерот или ќе ја прекинете врската
Американските психолози Џон и Џули Готман направиле обемно истражување во кое учествувале 130 парови. Главната цел им била да откријат зошто некои бракови се осудени на пропаст, додека други цврсто опстојуваат без разлика на сè.
Замислете си дека сте го испратиле сопругот да купи храна и средство за миење садови. Сопругот купил сè што сте побарале, но го заборавил средството за садови. Како ќе реагирате?
Џон и Џули сметаат дека одговорот на ова прашање може да ви открие дали ќе бидете во среќна врска или брак, или ќе се разделите во иднина.
За истражувањето психолозите направиле таканаречени љубовни лаборатории. Во овие лаборатории, паровите ги минувале деновите правејќи секојдневни работи како заедничко готвење, јадење и чистење, а експертите го набљудувале и анализирале нивното однесување.
По експериментот паровите биле поделени во две групи – професионалци и катастрофи. Џон и Џули стапиле во контакт со испитаниците после шест години и го откриле очекуваното – професионалците останале во брак, додека катастрофите ја прекинале врската.
Зошто успеале врските на брачните професионалци?
Овие луѓе покажале две клучни карактеристики што ги немало кај другата група – великодушност и љубезност. Со овие карактеристики се зголемува поврзаноста помеѓу партнерите и се создава атмосфера на благодарност во која е удобно да поминувате време.
Брачните катастрофи обично реагирале грубо и незаинтересирано, се фокусирале на негативните карактеристики на партнерот и заборавале да ги нагласат добрите нешта во врската. Сето ова создало атмосфера на незадоволство.
Па, да се вратиме на прашањето. Како би реагирале, со великодушност или со грубост?
Џон и Џули напоменале дека не треба да му се обраќате на партнерот со општо генерализирање како: Секогаш забораваш да купиш нешто, никогаш не ме слушаш и слично.
Бидете великодушни секој ден
Постојаното критикување и навредување е стресно и може да има физички последици кај некои луѓе. Истражувањето покажало дека брачните катастрофи имале слична психолошка состојба како луѓето кои се наоѓаат пред диво животно или се во опасна ситуација. Професионалците од друга страна биле опуштени, весели и разговарале еден со друг.
Великодушноста и љубезноста можат да ја спасат вашата врска. Истражувањето покажало дека овие нешта ни се потребни секој ден, а не само на посебни датуми. Обидете се да бидете понежни кога сте гневни. Немојте да навредувате или да критикувате пред да ја дознаете целата приказна. Ова ќе ви помогне да станете брачни професионалци и да ја зачувате вашата врска.
Дознајте и кои видови врски се најцврсти и траат најдолго.