Златен ретривер му го чува велосипедот на газдата
Заборавете на синџири и катанци, најдобар начин како да го заштитите својот велосипед од крадци, е да набавите златен ретривер кој ќе ви го чува постојано.
Кинезот по име Лу Венконг не мора да го врзува својот велосипед кога оди до продавница, бидејќи неговото куче Ли Ли одлично го чува. Мештаните од градот Нанинг веќе се навикнати на ова интересно однесување на кучето. Сопственикот Лу тврди дека Ли Ли знае да брои, да го фрла ѓубрето и да ги носи кесите со купените производи.
„Кога го паркирам велосипедот, кучето ги префрла своите шепи преку него, штитејќи го од крадците. Тој е многу паметно куче со кое разговарам постојано и кое секогаш ме разбира.“ – вели Лу Венконг
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.