Зимска пладневна прошетка покрај Беровско Езеро

Зимска пладневна прошетка покрај Беровско Езеро

Длабоко всадено во Малешевските Планини, на околу 1.000 метри надморска височина, Беровското Езеро е магично во секој период од годината, па и во зима. Имавме прилика да прошетаме во текот на едно убаво сончево зимско попладне, па ќе се обидеме да ви пренесеме дел од она што го доживеавме. Земете длабоко (планински) воздух и подготвени сте за прошетка.

Зимска пладневна прошетка покрај Беровско Езеро

Панорамска фотографија - кликнете за поголема верзија

Патеката покрај езерото нуди одлична можност за рекреативна или за романтична прошетка. Доколку патем сакате да одморите, искористете некоја од клупите на кои ќе наидете.Зимска пладневна прошетка покрај Беровско Езеро

Зимска пладневна прошетка покрај Беровско Езеро

Панорамска фотографија - кликнете за поголема верзија

Дишите чист воздух, чекорите по подзакашавениот земјен пат, а од вашата лева страна (ако тргнете од горе) блескаат водите на Беровското Езеро одблеснувајќи ги дрвјата на кои и во овој период од годината не им недостига шареноликост. Планинскиот предел е сочинет од комбинација на листопадни и зимзелени дрвја, па есенските бои се комплетно пренесени и во зимската идила, барем додека не ги прекрие снег. Зимска пладневна прошетка покрај Беровско ЕзероЗимска пладневна прошетка покрај Беровско ЕзероЗимска пладневна прошетка покрај Беровско ЕзероЗимска пладневна прошетка покрај Беровско Езеро

Зимска пладневна прошетка покрај Беровско Езеро

Панорамска фотографија - кликнете за поголема верзија

Кога ќе се спуштите до браната, пред вас веќе има широка глетка. Застанете и одморете ги очите, изгубете се во блескавата вода или во високите дрвја кои гордо ја чуваат речиси од сите страни.Зимска пладневна прошетка покрај Беровско ЕзероЗимска пладневна прошетка покрај Беровско ЕзероЗимска пладневна прошетка покрај Беровско Езеро

Зимска пладневна прошетка покрај Беровско Езеро

Панорамска фотографија - кликнете за поголема верзија

Зимска пладневна прошетка покрај Беровско Езеро

Панорамска фотографија - кликнете за поголема верзија

Зимска пладневна прошетка покрај Беровско ЕзероВо целиот предел има толку многу потенцијал, пред сè заради убавиот воздух и природа, но за жал малку од тоа е искористено. Шетајќи помеѓу дрвјата, ќе стигнете до дел со запуштени вили и куќарки, кои иако прекрасно се вклопуваат во природниот дизајн на пределот, сепак е жалосно да се видат ненаселени, макар од привремени гости за време на празниците.

Зимска пладневна прошетка покрај Беровско Езеро

Панорамска фотографија - кликнете за поголема верзија

Зимска пладневна прошетка покрај Беровско ЕзероЗимска пладневна прошетка покрај Беровско ЕзероЗимска пладневна прошетка покрај Беровско ЕзероЗимска пладневна прошетка покрај Беровско ЕзероОд неодамна, постојат добри услови за сместување на врвот на едно од ритчињата во комплексот Аурора, каде што празничната магија не само што е доловена, туку и природно вклопена во уникатниот амбиент.Зимска пладневна прошетка покрај Беровско ЕзероЗимска пладневна прошетка покрај Беровско ЕзероЗимска пладневна прошетка покрај Беровско ЕзероНека ни е на здравје прошетката!

Фотографиите се направени со Canon EOS 450D и iPhone 5. Не е дозволено нивно користење без дозвола.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар