Зимска диета: засилете го греењето ако сакате да ослабете
Повеќегодишно истражување кое е спроведувано во Шкотска, покажало дека луѓето чии домови се потопли во текот на зимата, губат повеќе килограми, за разлика од оние кои имаат послабо греење.
Шкотското истражување е правено во периодот 1995 – 2007 година, во соработка со повеќе од 100.000 луѓе, кои во своите домови имаат централно греење. Тоа покажало дека колку што е домот потопол, толку луѓето имаат повитка фигура.
Температурата над 23 степени во домот е поврзана со понизок индекс на телесна маса кај луѓето. Истовремено, топлината придонесува за зголемена потрошувачка на енергија, но и помал апетит, поради што луѓето ги губат килограмите.
Научниците овој феномен го објаснуваат на следниов начин: телото мора да ја одржува својата постојана температура, поради која во премногу топлите простории има потреба да ја ослободува. Со оглед на тоа што за тој процес е потребна енергија, која со самото тоа се согорува – се намалува и тежината.
Сепак, научниците споменуваат дека престојувањето во топли простории во текот на зимата не е само по себе доволно за да можете да ги намалите килограмите, особено не во празничниот период, кога повеќето луѓе се изложени на богати трпези. Тие советуваат дека со јадењето барем 5 мали оброци во текот на денот, меѓу кои ќе вклучите доста овошје и зеленчук кои ќе ве држат сити, ќе го намалите и внесувањето на масти и шеќери во организмот. Вашата вага, наскоро ќе ви биде благодарна.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Kade so propagandava…