Претходно
Животот под земја во еден мал австралиски град
Кубер Педи е мало австралиско гратче кое е најпознато по бизарниот начин на живеење. Бидејќи оваа заедница е мета на чести бури од прашина и температури кои достигнуваат и до 50 степени под сенка, жителите решиле да направат мала промена во својот град. Со цел да се заштитат од неиздржливите временски услови, тие изградиле подземни домови. Но, зошто не се преселиле, би се запрашале? Одговорот е едноставен – опал. Кубер Педи е најголемиот рудник на овој полускапоцен камен во светот. Погледнете како овие луѓе живеат под земја…