Животот е премногу краток за да бидете мирни: 7 причини зошто е во ред да бидете лудата девојка
Да бидете луди понекогаш е најдоброто нешто што можете да го направите за себе. Доколку си дозволите во целост да ги почувствувате вашите емоции, како и да им ги покажете на оние околу вас, вие можеби ќе бидете доживеани како „луди“, но истовремено и ќе го живеете вашиот живот во целост…
1. Најчесто кога ве нарекуваат луди, тие сакаат со еден збор да ви кажат дека не знаат како да се справат со вашите емоции во овој момент
И тоа не секогаш е нешто лошо. Понекогаш некои емоции едноставно им се многу тешки на луѓето, но тоа не значи дека тие се погрешни. Не дозволувајте да се спречувате во она што го чувствувате само затоа што некој би можел да ве категоризира како луда девојка.
2. Не спаѓаат само жените во „лудата“ категоризација
Кога последен пат сте чуле некој да нарекува маж дека е луд, надвор од границите дека е нечиј лош бивш дечко или пак, како термин за ментална болест? Најчесто, жените се оние кои се обидуваат да направат сè што можат само да не западнат во оваа категорија, па токму затоа и живеат под стрес, базирајќи го своето секојдневие според очекувањата на другите. Но, зошто да се воздржувате и да не бидете оние кои навистина сте? Зарем вреди постојано да живеете во сенка, криејќи се од вашиот вистински потенцијал?
3. Вие можете да бидете и опуштени и луди
Кога станува збор за размислувањето на луѓето, едноставно не постои златна средина. Но, реалноста е дека постојат многу луѓе кои живеат помеѓу овие две дефиниции. Вие можете да бидете луди за одредени нешта и сосема опуштени за некои други. Исто така можете и да го менувате вашето расположение од опуштеност до лудост за само неколку секунди во зависност од ситуацијата. Не се обидувајте да го криете она што го чувствувате во себе, бидејќи со секое потиснување си предизвикувате само поголем товар на вашата душа.
4. Доколку стигнете до „лудата“ точка, тоа најчесто значи дека или навистина се грижите за нешто, или едноставно се борите за себе
Многу често можете да чуете жена како вели дека „полудела од грижа“. Оваа изрека не постои за џабе. Понекогаш кога нешто премногу ви значи, вие едноставно не можете да го сопрете текот на вашите емоции. Од друга страна пак, ако се најдете во ситуација која е опасна за вас, без разлика во кој контекст, како би можеле да се одбраните доколку не полудите целосно? Факт е дека жените се послабиот пол, но тоа не значи дека немаат изливи на сила кога таа им е најпотребна.
5. Истиот момент кога ќе почнете да им давате глас на вашите чувства, вашиот живот целосно ќе се подобри
Почнете да ги искажувате вашите чувства со зборови. Ако некој ви се допаѓа, кажете му го тоа. Ако нешто ви пречи кај одредена личност, не го кријте тоа од него/неа. Кажете им на луѓето кога сте среќни, но и кога патите. Барајте помош доколку ви е потребно. Ниту едно од овие нешта не се луди…
6. Емоциите не постојат за да бидат потиснувани
Тие постојат за да бидат почувствувани. И сите оние кои ве обвинуваат за искажувањето на вашите емоции најверојатно не се во допир со своите, па токму затоа и се чувствуваат непријатно покрај вас. Но, сигурни сме доколку тие погледнат малку подлабоко во себе, дека ќе откријат исто толку луда личност како и сите останати.
7. Најдобрите сеќавања настануваат кога сте малку луди
Навратете се малку на минатото и обидете се да се потсетите на вашите најдобри сеќавања. Што е тоа што го направил вашиот живот поинтересен и позабавен? Сигурни сме дека ќе се потсетите на многу луди денови и ноќи во кои сте направиле легендарни спомени со вашите најблиски. Вие сте презеле ризик и сте сфатиле дека понекогаш го добивате токму она кое го сакате, дури и ако само еднаш го побарате. Можеби некогаш ќе се изгорите, но многу почесто ќе направите нешто што вечно ќе го помните…