Животните цитати на Елвис Присли - кралот на рокенролот и добрата мисла

Животните цитати на Елвис Присли – кралот на рокенролот и добрата мисла

Кралот на рокенролот, Елвис Арон Присли (1935 – 1977) не престанува да нè инспирира, како со музиката, така и со позитивните мисли, кои ги оставил зад себе. Да се потсетиме на дел од нив.

Животните цитати на Елвис Присли - кралот на рокенролот и на добрата мисла

 

„Рокенрол музика – ако ја сакате, ако ја чувствувате, не можете да направите ништо освен да ѝ се препуштите. Тоа се случува со мене. Не можам да си помогнам.“

„Кога работите ќе отидат по ѓаволите, не одите и вие со нив.“

„Вистината е како сонцето, можете да ја премолчите, но по некое време таа пак ќе се појави.“

„Амбицијата е сон на V8 мотор.“

„Армијата ги учи момчињата да размислуваат како мажи.“

„Ритамот е нешто кое или го имате или не, но кога го имате, го имате насекаде.“

 

„После напорна проба, би можеле да изедете ѕвечарка.“

„Сакам да ги забавувам луѓето, навистина ми недостасува тоа.“

„Во мојот живот никогаш не сум напишал песна. Сето тоа е една голема измама.“

„Јас бев ноќна сензација.“

„Секогаш кога ќе помислам дека стареам и полека се движам кон гробот, нешто друго ми се случува.“

„Уште од мал имав претчувство дека нешто ќе ми се случи. Но, не знаев што точно.“

 

„Јас не знам ништо за музиката. Во мојот музички правец, тоа не е потребно.“

„Не мислам дека сум лош со луѓето. Ако го мислев тоа, ќе се вратев на старата работа и ќе возев камион, и навистина го мислам тоа.“

„Влегов во музичкиот бизнис кога тоа сè уште не беше во тренд.“

„Кога ќе се оженам, тоа нема да биде тајна.“

„Кога бев момче, секогаш се замислував како суперхерој од стриповите и филмовите. И пораснав.“

„Најмногу од сè сакам после концерт луѓето да размислуваат за мене и кога ќе заминат дома.“

 

„Не се обидувам да бидам секси. Тоа е мојот начин на изразување, додека се движам наоколу.“

„Никогаш не сум помислувал дека ќе бидам славна личност.“

„Сликата е едно нешто, а човекот друго. Многу е тешко да се живее како на слика.“

„Би сакал да ме третираат како обичен клиент.“

„Сè е исто како на почетокот. Единствената разлика е тоа што публиката е побројна.“

„Зошто да купувате крава, кога можете да ја измолзете преку оградата.“

 

„Животните не мразат, а ние би требало да бидеме подобри од нив.“

„Направете нешто, што ќе биде вредно да се запамети.“

„Тажно е тоа што може да бидете заљубени во некоја личност, а да бидете погрешната за неа.“

„Вредностите се како отпечатоци од прстите. Ниеден не е ист, но ги оставате врз сè што правите.“

„Стигнав предалеку и не знам како да се вратам назад.“

„Не критикувајте некој, доколку не сте биле во негова кожа.“

„Луѓето ме прашуваат од каде ми е стилот на пеење? Не го копирам мојот стил од никој.“

„Се надевам дека не ви здодеав со мојата животна приказна.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар