Животните цели во новата година според Марк Твен
Поентата на прославувањето Нова година е дискутабилна, се менува датумот, како и секој друг ден, додека останатите нешта остануваат исти. Тоа сепак ни дава голема причина да си зададеме големи цели, да замислиме желби и да донесеме важни одлуки за нашата иднина, особено онаа до следниот 31 декември. Марк Твен тоа одлично го сумирал во една негова новогодишна мисла.
„Дојдено е времето кога секој треба да си ги постави новите животни цели кои ќе ги оствари во новата година. Веќе од следната недела можете, како и обично, да ги пратите по ѓаволите. Вчера секој ја испуши последната цигара, ја испи последната пијачка и пцуеше за последен пат. Од денеска, ние сме побожно и примерно општество. За триесет дена, ќе ги отфрлиме сите наши промени и на маните ќе гледаме како да се помали од кога било. И повторно ќе бидеме задоволни со тоа како и годинава го направивме истиот напор од лани. Како и да е, само напред со тоа! Нова година е безопасна годишна институција од која никој нема корист освен за прекумерно пијанење, пријателски пораки и залажувачки нови цели. Ви посакувам да уживате во неа со сета слобода која одговара на нејзината величина!“ – Марк Твен