Претходно
Животни совети од Махатма Ганди: Овие 7 нешта имаат моќ да ве уништат!
Неговиот ненасилен пристап против дискриминацијата во Јужна Африка и Индија го направил еден од најважните примери на однесување за човештвото. Махатма Ганди слободно може да се каже дека е една од најфасцинантните личности кои живееле во 20-от век, најмногу поради учењето кое произлегло токму од овој негов пристап кон дискриминацијата.
Па, доколку би можеле да го прашате што според него е најопасно за човештвото, тогаш тој без размислување би ви ги кажал следниве 7 нешта…
- Богатство без работа.
- Задоволство без совест.
- Знаење без карактер.
- Религија без жртвување.
- Политика без принципи.
- Наука без човечност.
- Работа без етика.