Животни лекции кои можете да ги научите само од родителите кои овозможуваат голема поддршка

Животни лекции кои можете да ги научите само од родителите кои овозможуваат голема поддршка

Родителите би требало да сакаат, да разбираат и да ги подржуваат своите деца. Секако, сите тоа го прават, зарем би можело да биде поразлично? Но, едноставно некои тоа го прават на вистинскиот начин, бидејќи им доаѓа природно. Ако сте израснале со безусловна љубов и поддршка макар од едниот родител, тогаш без сомнение сте ги научиле овие животни лекции. Од друга страна пак, ако вие сте родители, прочитајте ги следниве придобивки кои вашите деца ќе ги искусат доколку им ја подарите вашата неизмерна поддршка.

1-raboti-koi-gi-nauchivte-od-roditelite-koi-vi-pruzhile-poddrshka-www.kafepauza.mk_

1. Следете ги своите соништа!

За да бидете тоа што сте, треба прво да откриете што сте. За ова откритие да биде возможно, треба да ги следите своите соништа. Она што го сакате, за она што фантазирате, она што ве покренува, радува, исполнува – тоа се патоказите на патот кон себе. Секој поминува низ загубеност и барање, низ периоди на неориентираност и разочарување. Важно е да не се откажувате.

2. Никогаш не се откажувајте!

Обидете се, одново и одново. Кога ќе паднете, станете и тргнете. Кога повторно ќе паднете, станете и тргнете повнимателно, ако е потребно и на четири нозе. Кога ќе се исправите, чекорете, пред да потрчате. Кога трчајќи ќе удрите во некој ѕид, станете, соберете се и тргнете во друга насока. Учете од себе, од вашите обиди и грешки. Сменете ја перспективата, начините и тактиките. Ако не сака на сегашниот начин, обидете се на друг. Ако повеќе не оди како што одело до сега, прилагодете ја брзината на движете. Ако пропустите ве враќаат на почеток, тргнете од почеток и движете се побавно и обидете се да не ги повторувате истите грешки. Движете се и никогаш не откажувајте се.

3. Бидете вредни и давајте сè од себе!

Вистинското чувство на постигнување доаѓа само кога вредно работите и давате сè од себе. Тоа не значи дека треба да се мачите и дека не сте вредни и предани ако ви оди лесно – онаму каде што ви оди полесно, за таму сте поталентирани, поспособни, повешти и побрзи во остварувањето на целите. Тоа не значи дека не треба да го работите она што ви е тешко, предизвикувачки и напорно, туку напротив, вежбајте ја својата волја и упорност, ширете ги своите граници со работа и истрајност.

2--raboti-koi-gi-nauchivte-od-roditelite-koi-vi-pruzhile-poddrshka-www.kafepauza.mk_

4. Не е срамота да не знаете!

Сè што не знаете, можете да го дознаете, научите и промените. Како воопшто да дознаете нешто, ако не тргнете од она што не го знаете? Останете љубопитни и постојано ќе дознавате работи кои дотогаш не сте ги знаеле.

5. Потпирањето на себе е закон!

И оној кој се потпира на себе може да побара помош и асистенција. И може адекватно да ги прими и примени, само доколку се потпира на својата сопствена проценка, чувства и причини.

6. Искреноста е клучот!

Пред сè, кон себеси. Илузиите и залажувањата се магла од незнаења и неуспеси. Искреноста ги разрешува работите и ги поставува на своето место. Искреноста е скоро идентична на почитта.

3--raboti-koi-gi-nauchivte-od-roditelite-koi-vi-pruzhile-poddrshka-www.kafepauza.mk_

7. Секогаш изрази благодарност!

Бидете благодарни и секогаш изразувајте ја својата благодарност, на другите, подеднакво како и на себе. На космосот и планетите, еднакво како на своите пријатели. Заблагодарувањето е свест за вредноста на сечие искуство.

8. Опростите им на другите!

Опростете им на оние кои ве повредиле, не само затоа што сакате да бидете подобри од нив и да се воздигнете помеѓу светците, туку затоа што опростувањето ве ослободува и ви овозможува да одите понатаму, без гневни и насилни мисли и енергија.

9. Опростете си себеси!

Ова е понекогаш потешко отколку да им опростите на другите. Но, затоа е неопходно. Со чувството на вина и жалење, не правиме ништо конструктивно, блокирани сме. Со опростувањето себеси, ја ослободуваме креативната енергија.

4--raboti-koi-gi-nauchivte-od-roditelite-koi-vi-pruzhile-poddrshka-www.kafepauza.mk_

10. Дружете се со подобри луѓе!

Ако сакате да учите и да се развивате, дружете се со подобри од себе. Тие ќе ви го покажат патот и начинот, а тоа што го можат они, го можете и вие.

11. Бидете великодушни!

Пронајдете ја радоста на давањето и секогаш уживајте во неа без одложување. Оние кои даваат внимание, љубов, сочувство како и материјални вредности, се посреќни од оние кои што се каат и сметаат. Колку повеќе давате, толку повеќе имате за давање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар