Животни лекции кои можеме да ги научиме од животот на Фрида Кало

Животни лекции кои можеме да ги научиме од животот на Фрида Кало

Фрида Кало е најпознатиот и највлијателен мексикански артист. Родена само неколку години после Мексиканската револуција, таа живеела исполнет и шарен живот покрај уметници, поети и револуционери. Иако нејзиниот живот е полн со падови и подеми, сепак таа успева да се справи со него, а тоа е само едно нешто во низата поради кои ѝ се восхитуваме.

0-zhivotni-lekcii-koi-mozheme-da-gi-nauchime-od-zhivotot-na-frida-kalo-kafepauza.mk

„Прифати го она што те прави посебен, па макар и да е ‘чудно’.“

Фрида, позната по карактеристичните несредени веѓи и „мустаќи“, уште во тогашното време не би ја нарекле „конвенционално привлечна“. Сепак, иако била критикувана за тоа, Фрида воопшто не се грижела за коментарите на луѓето, ниту се обидела да се промени себеси во името на другите. Фрида ги цртала нејзините густи веѓи во нејзините автопортрети, со сфаќање дека тоа е тоа што ја прави различна од другите. Таа наоѓала моќ во радикалното прифаќање на себеси, со порака до светот дека не треба нити смее да се обиде да ја промени.

„Животот, иако полн со болка, вреди да се живее.“

Фрида имала тежок живот обликуван од болка. Таа страдала од детска парализа, така што едната нејзина нога била исушена и закржлавена. Потоа на 18 години, таа имала ужасна сообраќајна несреќа поради која до крајот на животот морала да носи корсет кој ќе го крепи нејзиниот ‘рбет. После тоа, ниеден ден од нејзиниот живот не поминал без ужасни болки.

Сепак, Фрида го сакала животот и сакала да живее. Иако голем дел од животот го поминала во кревет, погледот кон дворот (кој го гледала од огледалото обесено на ѕидот над нејзиниот кревет) бил нејзината врска со надворешниот свет и таа сепак не се предала на болката и тагата. „Јас не сум болна. Јас сум скршена. Но сепак сум среќна што сум жива, барем додека можам да сликам.“ – напишала таа во нејзиниот дневник.

1-zhivotni-lekcii-koi-mozheme-da-gi-nauchime-od-zhivotot-na-frida-kalo-kafepauza.mk

„Сакај го местото од кое доаѓаш.“

Фрида е потомок на татко Германец и мајка Мексиканка со домородно потекло. Нејзината љубов кон овој микс на култури е очигледен во секој аспект од нејзиниот живот – од нејзината уметност и нејзиниот стил до начинот на кој го декорирала домот. Фрида горделиво се облекувала во традиционални мексикански стилови, а нејзиниот дом изобилувал со мексиканска фолклорна уметност и артефакти од времето пред шпанските револуции.

„Животот е поубав кога си опкружен со бои.“

Фрида ги обожувала боите. Нејзината куќа, која ја делела со познатиот мексикански муралист Диего Ривера, била обоена во кралско сина. Црвените, портокаловите, жолтите и зелените бои се наоѓале дури и во нејзините најнесреќни дела. Плус, таа се облекувала во весели бои и носела свежи цвеќиња во нејзината коса кои ги сечела од нејзината градина. Нејзиниот живот, без разлика колку бил исполнет со болка, бил живописен и полн со смеа и радост.

2-zhivotni-lekcii-koi-mozheme-da-gi-nauchime-od-zhivotot-na-frida-kalo-kafepauza.mk

„Никогаш не се извинувај затоа што си силен/а.“

Еден од попознатите цитати на Фрида е и „Јас се родив кучка. Јас се родив уметник.“ Иако нејзиниот живот бил повеќе од тежок, тоа не ја спречило да брилира. Таа не била тивка, таа не била повлечена, таа не се грижела дека нејзината сила, моќ или успех може да им биде застрашувачка на другите. Фрида никогаш не се извинувала за нејзината сила, за нејзината уметност, за нејзината политика, за нејзината сексуалност и никогаш немало потреба за тоа. Таа едноставно била онаа која што била.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар