Животни кои се побогати од тебе
Колку и да ви звучи смешно, овие животни се полни со пари. Во продолжение следи листа со 13 животни кои добиле огромно наследство.
Желката Силверстоун – 40.000 американски долари
Силверстоун има 50 години, а наследството му го има оставено неговата сопственичка Христина Фојл, сопственичка на книжарницата „Foyles“.
Минтер, Џус и Калум – 81.000 американски долари
Модниот дизајнер Александар Мекквин им ја остави оваа голема сума на своите три кучиња.
Баблс – 2 милиони американски долари
Мајкл Џексон му остави на Баблс 2 милиони американски долари во неговиот тестамент.
Кончита, Лусија и Април Мари – 3 милиони американски долари, куќа вредна 8 милиони американски долари и дијамантски аксесоари за кучиња
Гејл Поснер на своите три чивави во 2010 година им остави огромно богатство.
Флоси – 3 милиони американски долари
Флоси ги спаси Дру Баримор и Том Грин кога се запали нивата куќа. За награда ја доби куќата вредна 3 милиони долари.
Миленичињата на Бети Вајт – 5 милиони американски долари
Бети Вајт во својот тестамент има оставено голем дел од колачот на нејзините миленици.
Тамасо – 13 милиони американски долари
Тамасо бил мачор-скитник, пред да го пронајде Мариа Асунта, која му оставила огромно наследство.
Гигу – 20 милиони американски долари
Мајлс Блеквел направи огромно богатство како издавач на книги, а голем дел ѝ ги остави на неговата кокошка.
Блеки – 25 милиони американски долари
Сопственикот на Блеки ѝ ги остави сите пари, а на неговото семејство не му даде ни цент.
Кучињата на Опра – 30 милиони американски долари
Опра изјави дека има одвоено 30 милиони американски долари за нејзините кучиња да продолжат да живеат убав живот по нејзината смрт.
Калу – 80 милиони американски долари
Сопственичката на Калу, аристократката Партиција Онил, додека нејзиниот маж бил на пат, го сменила тестаментот оставајќи му сè на мајмунот. Набрзо потоа двојката се развела.
Тоби Рајмс – 92 милиони американски долари
Богатството на Тоби датира уште од 1931 година, кога еден негов член од семејството добил 20 милиони американски долари во наследство од агентот за недвижнини Ела Вандел.
Гунтер IV – 373 милиони американски долари
Ова куче ги има наследено парите од неговиот татко, кој пак ги наследил од неговата сопственичка, германската грофица Карлота Либенстеин. Гунтер поседува и палата која е купена од Мадона, а вреди 3 милиони американски долари.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
abe budala rabota ..