Животни кои ја променија историјата
Не сите пионери во нашата историја чекореле на две нозе. Многу од нашите крзнени пријатели помогнале да се промени животот на планетава. Животните отсекогаш биле сопатници на човекот, па не е изненадувачки фактот дека тие честопати ни се од најголема помош. Во продолжение дознајте кои животни и на каков начин го промениле текот на нашата историја.
Овцата Доли
Во далечната 1996 година, на 5 јули, родена е овцата Доли – првиот клониран цицач во историјата. Нејзиното раѓање покажа дека клонирањето живи суштества од возрасни клетки и неоплодени јајце клетки, е возможно. Подоцна се клонирани свињи, елени, коњи и бикови, а во скорашно време е започнато клонирање и на домашни миленичиња.
Шер Ами
Овој гулаб, чие име на француски значи „драг пријател“, бил вистински херој во Првата светска војна. Имено, за време на војната, тој работел за Сигнален корпус на армијата на Америка и пренел дури 12 пораки. Тој им помагал на француските војници и подоцна добил Орден за храброст.
Дејвид Сивобрад
Сè до 1960 година, научниците верувале дека само луѓето биле способни да изработуваат и да користат орудие. Меѓутоа, на 4 ноември, истата година, Џејн Гудол, го надгледувала шимпанзото Дејвид како користи стебла од трева за да извлече мравки од земјените дупки. Така ова шимпанзо на научниците им открило дека и другите животни користат орудие за да се снајдат во природата.
Лавицата Елса
Џорџ Адамс и неговата сопруга Џој, во 1956 година посвоиле младенче лав кој го нарекле Елса. Со години тие се грижеле за Елса во својот дом во Африка, учејќи ја самостојно да лови и ги развивале нејзините вештини за да може да се снајде во дивината. Кога парот конечно ја пуштил Елса, таа за чудо преживеала. 4 години подоцна, Џој напишала книга „Родена слободна“, во која го опишала животот на Елса, а по 6 години бил снимен и филм за промовирање на трендот за животните дека треба да живеат слободно во дивината.
Кучето Балто
Во 1925 година, на Алјаска, неколку доктори се нашле во смртоносна дилема. Имено, завладеала епидемија на дифтерија, а единствениот лек се наоѓал во Сиетл. Докторите и останатите луѓе не биле во можност да дојдат до лекот со авион, па пуштиле неколку санки со кучиња за да го транспортираат лекот. Еден тим на кучиња бил предводен од Балто, кој цела ноќ трчал за да го достави лекот. И успеал во тоа!
Кучето Смуки
Ова куче, од расата јоркширски териер, станал вистински воен херој. Имено, за време на Втората светска војна, американските војници биле нападнати на Филипините. Единствен начин на кој можеле да комуницираат било преку телефон. Така Смуки дошла на помош. Таа спасила околу 250 луѓе.
Погледнете ги и изумите на НАСА што ни го променија животот.