Живот на далечинско управување

Живот на далечинско управување

Автор: Димитар Гошевски

Замислете си далечинско со кое можете да го управувате (скоро) секој аспект од вашиот живот. Замислете, седнувате пред телевизорот, го земате далечинското во рака и пуштате телевизија, притоа ја намалувате светлината на ламбите или ја заклучувате вратата без да направите ниту еден чекор од удобниот „трон“. Сето тоа со вашето магично далечинско веднаш до вас. Сега замислете си дека ова е реалност. Звучи убаво? Па, веќе и не мора да си замислувате, ова е веќе реалност, постои уште од 2007 година и се нарекува „WiTricity“ (зборот доаѓа од Wireless и Electricity).Живот на далечинско управувањеСѐ што треба да направите е да го насочите далечинското кон една мала црна плоча која се наоѓа на ѕидот и откако ќе го приклучите, ќе светнат три зелени сијалички, означувајќи дека плочката се полни. Сите електрични апарати се само на неколку метри од оваа плочка и не се поврзани со контакт, туку токму оваа плоча ја пренасочува струјата кон нив.

Директор на компанијата е Ерик Гилер, кој силно верува и се надева дека со ова ќе ја започне револуцијата во електрониката, заменувајќи ги безжичните системи, т.е. оние кои работат со батерии, со такви кои ќе испраќаат електрична енергија преку воздух, а воедно ќе бидат и безбедни, како за средината, така и за живите суштества околу нив. Од „WiTricity“, чија технологија била развиена во техничкиот институт на Масачусетс, најавуваат дека со своите пилот продукти ќе се појават на пазарот кон крајот на оваа година и по година-две би можеле да стигнат до тој степен, што сопствениците на елктромобили ќе ги полнат батериите на своите коли без да бидат приморани да користат жици.Живот на далечинско управувањеИако овој изум изгледа како да е еден од оние на новиот век, идејата за безжично предавање на електрична енергија и не е толку нова. Имено, Никола Тесла ја демонстрирал во поинаква форма уште пред 100 години и денес има многу електрични уреди кои се полнат со помош на индуктивно електрично коло, т.е. работат на батерии кои, за жал, имаат потреба од физички допир со колото (како најосновен пример можеме да ги земеме безжичните телефони и лаптопите) и тоа не е многу удобно.Живот на далечинско управувањеИндуктивното полнење кое го предлага Гилер, работи со префрлување на напонот во навој кој генерира магнетно поле, кое создава друг електричен напон во ист таков навој кој се наоѓа во другиот уред. Ако двата навои се оддалечат еден од друг, ефективноста на предавањето на енергија веднаш опаѓа, па за да го зголемат растојанието, преку кое енергијата би се предавала ефективно, „WiTricity“ ги подесуваат навоите да работат на специфична фреквенција, која би гарантирала мала загуба на електрична енергија за секој од уредите.

Растојанието, сепак, зависи од размерот на навојот, ако двата навои се мали, како што е случајот кај мобилните телефони, двата навои мораат да се наоѓаат на растојание од неколку сантиметри. Но, „WiTricity“ демонстрирале прототипови со поголеми навои кои можат да предаваат струја на растојание од еден метар. Гилер исто така ја споменува можноста сигналот да биде засилен преку навои, кои тој ги нарекува рипитери, притоа демонстрирајќи како навоите, инсталирани под делови од килимот, дозволуваат струјата да поминува од плочката до кое и да е место во собата.Живот на далечинско управување

Дом без жици, од вратата на гаражата до машината за кафе

„WiTricity“ е една од малкуте компании кои се обидуваат да ја рашират сферата на електричниот полнеж на уредите. Компанијата разработила голем број прототипови, поставени насекаде по површината на куќата, поставувајќи дури и полнач за електромобил, кој треба само да биде паркиран над плочката за батериите на колата да започнат да се полнат. Тие имаат потпишано мултимилонски договор со Тојота за разработка токму на ваквите полначи.

Засега нема информации колку би чинеле ваквите уреди, но според Гилер, нивната цена нема да биде многу поголема од трошоците за нивното производство.

Доколку сакате да слушнете нешто повеќе за „WiTricity“, погледнете ја демонстрацијата на Ерик Гилер:



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар