Живописен етно двор во Босна и Херцеговина каде што ќе заборавите на сите проблеми
Верувале или не, во 2020 година сè уште постои место каде официјално нема „никакво нервирање“. Сместено е во прекрасна природа и во минатото. Денес ве носиме во етно дворот Машковац во Босна и Херцеговина.
На влезот ве пречекува натписот „Забрането нервирање“, наредба што не е тешко да се следи. Улиците на селото водат помеѓу старите традиционални босански куќи, а една улица наречена Занатска ве води низ куќите-работилници каде што можете да видите како некогаш се правеле прибор за домаќинство или украси направени од дрво и ќерамика. Целото село е преполно со детали и е толку живописно што не знаете каде прво да свртите глава. Буквално има илјадници вредни историски спомени и предмети што некогаш биле користени во домаќинствата, од времето на Отоманската империја до поранешна Југославија, како што се ракотворби изработени од бакар и сребро или разни везови направени рачно од домаќинки.
Неодамна, тие добија нова атракција: изградија куќа во босански етно стил на камен на реката. Целата куќа беше именувана како Луди камен, па дури и за време на повисокиот водостој реката не ја однесе. Без разлика дали е среќата што ги придружува лудите или едноставно вештите мајстори – веќе не е важно. Куќата и каменот станаа хит особено кај младенците и свршениците кои го слават денот тука.
Но, ајде да дознаеме што се готви тука. Една од куќите е ресторан со прекрасен ентериер и уште попримамлива кујна. Таму нудат традиционални босански јадења, сите зачинети со добра атмосфера и звуци на хармоника. Десертот оди на крајот, а тука имаат многу вкусни лижавчиња од кои ќе сакате да си земете и за дома.
Ако се најдете во Босна и Херцеговина, некаде во близина на Тузла, не заборавајте да застанете тука. Но, ајде да не зборуваме многу, туку само погледнете ги фотографиите и проценете сами.
Можеби ќе сакате да ѕирнете во празничната атмосфера на францускиот град Колмар.