Живите мостови во Индија
Во североисточна Индија, јужните падини од ридовите Каси и Јаинтија се богати со необични дрвја од видот „Ficus Elastica“, или познати како индиските дрвја од гума. Чудното кај овие дрвја е тоа што поголемиот дел од своите корени ги вадат надвор од земјата.
Античкото племе Мегхалаја ги има забележано овие квалитети на дрвото, па неговите корени ги искористиле за градење мостови преку многубројните реки и потоци низ целата околина. Интересно е тоа што жителите им оставиле на мостовите сами да израснат, притоа тие помагале само коренот да го фати вистинскиот правец кон другата страна од реката.
Некои од овие мостови се стари повеќе од 500 години, а за еден мост да биде функционален потребни се најмалку 10 до 15 години заплетување на корените. Најдолгиот мост кој е направен е долг 30 метри и може да издржи 50 луѓе. Овие мостови и денеска секојдневно ги користат жителите на околните села.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.