Женски модни трендови кои момците НЕ ги разбираат

Женски модни трендови кои момците НЕ ги разбираат

Постојат многу трендови кои девојките ги обожаваат, а и момците сакаат ги гледаат во такви изданија: високи потпетици, мал црн фустан, тесни фармерки итн. Но некои модни трендови на момците воопшто не им се допаѓаат. Тоа не значи дека поради тоа девојките ќе престанат да ги носат омилените парчиња облека, но сепак не е лошо да се знае она што мажите најмногу мразат да го гледаат на нас.

1-zhenski-modni-trendovi-koi-momcite-ne-gi-razbiraat-kafepauza.mk

Фармерки со висок струк

Знаеме дека фармерките со висок струк се нов тренд, но тие можат да оставаат впечаток дека задникот ви е многу поголем одошто навистина е, како и да изгледа многу сплескан. Шорцевите со висок струк пак, особено оние кратките, и тоа како можат да им ги подигнат веѓите на момците.

Чевли на платформи

Задолжителна обувка во летните денови која ќе ви донесе бројни комплименти од другарките и колешките, но за момците тие изгледаат прилично незгодно. За нив тоа изгледа како да се врзале парчиња дрво на нозете.

Топ

Без разлика дали се работи за маичка или фустан, топот го уништува обликот на вашите гради, потполно ги слепува или пак прави да изгледаат дека висат. Она поради што мажите уште помалку разбираат зошто жените избираат да го носат е што во топ тие треба да го поминат цел ден повлекувајќи го нагоре, бидејќи постојано се спушта.

Шатор фустани

Тие не сакаат ни да го објаснуваат ова, едноставно не им е јасно како шатор може да се претвори во фустан.

2-zhenski-modni-trendovi-koi-momcite-ne-gi-razbiraat-kafepauza.mk

Сукњи со висок струк

Момците обожаваат сукњи, но не им се допаѓаат оние модели кои одат сосема до градите бидејќи тие прават да изгледате како да немате никакви пропорции на телото.

Ugg чизми

Тие се прашуваат да не е нивниот назив кратенка од Ugly.

Ултра високи потпетици

Ако ве болат стапалата бидејќи штиклите ви се превисоки, и поради тоа одите како дете кое сега ги учи своите први чекори – не носете ги. Изгледа чудно и непријатно за сите.

Темен кармин

Ова не е изглед кој не им се допаѓа, едноставно не им се допаѓа идејата дека ќе ги размачкате насекаде.

3-zhenski-modni-trendovi-koi-momcite-ne-gi-razbiraat-kafepauza.mk

Акрилни нокти

Мажите обично не обрнуваат многу внимание на женските нокти, но кога ќе ги забележат, долгите вештачки нокти може да им бидат голем turn off. Ноктите треба да бидат негувани и уредни, а лакот за нокти не доаѓа предвид.

Чудни потпетици

Ако не сте Лејди Гага, едноставно не носете ги.

Панделки во коса

Со огромна панделка во косата им изгледате како мало девојче кое потскокнува одејќи накај училиште.

Хеланки

Не дека не ги сакаат, ги вознемирува кога ќе го забележат исцртаниот дел кај меѓуножјето, т.н. стапало на камила. Освен тоа, хеланките за нив се прилично кул.

4-zhenski-modni-trendovi-koi-momcite-ne-gi-razbiraat-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Angela Reply

    Абе ајде, како не

Остави коментар