Жените живеат подолго доколку се опкружени со природа и зеленило

Жените живеат подолго доколку се опкружени со природа и зеленило

Според една нова студија објавена во списанието „Environmental Health Perspectives“, жените кои живеат во домови опкружени со повеќе растенија имаат значително подолг животен век од оние кои живеат во околина со помалку зеленило.

Жените живеат подолго доколку се опкружени со природа и зеленило

Истражувачите користеле здравствени податоци од 108.630 жени, од 2000 до 2008 година, со цел да откријат како природата влијае врз здравјето и смртноста, споредувајќи ги нивните здравствени картони со местото на живеење (според сателитски фотографии од различни сезони во текот на годината).

Тие откриле дека жените кои живееле во зелена околина, имале до 12% подолг животен век во однос на оние кои живееле во помалку зелени области. Поврзаноста била најсилна кога станувало збор за смрт предизвикана од рак и респираторни болести – жените кои живееле во област со повеќе вегетација, имале до 34% помала шанса за здобивање некаков вид респираторна болест, како и 13% помала шанса за смрт од рак во споредба со оние кои живееле во урбани места.

Па, каква е поврзаноста помеѓу зеленилото и смртта? Жените кои живеат во зелени и природни околини не се изложуваат толку на негативните здравствени ефекти од загадувањето на воздухот, буката и екстремната топлина, но истражувачите сметаат дека клучната разлика се крие во можноста за зголемена физичка и социјална активност, како и пониско ниво стрес кои ги нудат областите кои изобилуваат со вегетација. Според резултатите, постојат дури 30% повеќе придобивки доколку живеете покрај дрвја, а најголемиот дел од нив се однесува на менталното здравје и животниот век.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар