Жените откриваат: Колку долго треба да издржат мажите за време на секс?

Жените откриваат: Колку долго треба да издржат мажите за време на секс?

Веб-сајтот за наоѓање партнер „Saucy Date“ спровел анкета која имала за цел да открие колку долго би требало да трае сексуалниот однос. На анкетата одговориле 3.836 мажи и жени, од 5 различни држави – САД, Канада, Велика Британија, Австралија и Индија.

Жените откриваат: Колку долго треба да издржат мажите за време на секс?

Според одговорите на испитаниците, во просек, жените најмногу сакаат сексуалниот однос да трае 25 минути и 51 секунда. Интересно е што резултатот на мажите не се разликува многу. Имено, според нив најдобро е сексот да трае 25 минути и 43 секунди.

Далеку од идеалната вредност

За жал, посакуваното време значително се разликува од реалноста кога станува збор за просечната сексуална издржливост. Според истражување од истиот портал, најиздржливи во кревет се мажите на возраст од 31 година. Во САД, тие просечно издржуваат 17 минути и 5 секунди. Веднаш по нив се Канаѓаните со 17 минути, потоа Британците со 16 минути и 58 секунди, а Австралијанците издржуваат околу 16 минути и 34 секунди. 50-годишниците во Индија издржувале во просек 15 минути и 15 секунди, малку подолго од сите останати држави.

Јасна возрасна разлика

Анкетата исто така покажала дека реалната сексуална издржливост кај мажите зависи од возраста. Излегло дека мажите на возраст помеѓу 28 и 33 години издржуваат најмногу. На почетокот на 20-тите и после 33-тата година, издржливоста на мажите е значително помала. Анкетата не открила вакви податоци за жените.

Знаевте ли дека мажите со големи стомаци траат подолго во кревет?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар