Жените откриваат: Која машка навика во спалната соба ги нервира повеќе од ’рчењето?
Мажите и жените се два различни света, па така не е ни чудно што честопати знаеме малку да се изнервираме едни со други со некои навики и постапки. Соживотот со партнерот е полн со убави моменти, но секојдневно се провлекуваат и некои работи што иритираат. Жените најчесто се нервираат поради неуредноста на мажите и нивната навика да оставаат валкани чорапи насекаде низ домот.
Постојат и некои несвесни навики што се надвор од наша контрола, како што е ’рчењето на пример. Многу припаднички на женскиот пол се жалат од оваа неконтролирана појава, но сепак тоа не е она што најмногу ги нервира во спалната соба.
Според едно истражување, спроведено на повеќе од 1.000 испитаници, крадењето на покривката е она што ги нервира жените повеќе од ’рчењето. Учесниците требале да оценат разни сценарија од спалната соба и на прво место од листата на најиритирачки навики што ги покажувал партнерот се нашло земањето на покривката на својата страна од креветот. ’Рчењето се нашло на второ место, а на трето непрестаното превртување.
Интересно е тоа што истата навика не ги нервира мажите премногу. На машките испитаници најмногу им пречело кога жената јадела во кревет. Истото истражување покажало дека паровите кои спијат во поголем кревет се посреќни, што е сосема логично со оглед на тоа што поголемата удобност во текот на спиењето пружа чувство на задоволство.
Освен тоа, 17% од омажените жени изјавиле дека немаат ништо против повремено да спијат одвоено од партнерот, бидејќи така полесно се одмораат, а само 8% од оженетите мажи го делеле истото мислење.
Што мислите вие за ова? Која навика на вашиот партнер најмногу ве нервира во спалната соба?
Во продолжение прочитајте кои се 6-те најиритирачки машки навики.