Жените кои раѓаат на оваа возраст е поверојатно да имаат интелигентни деца
Ако сте во вашите 20-ти години од животот, тогаш сигурно ви е познато чувството на бомбардираност со соопштенија за веридби и венчавки и најави за бебиња додека ги разгледувате содржините на Фејсбук, а од друга страна, вие сѐ уште не се чувствувате подготвени да започнете ваше семејство. И тоа е сосема во ред. Во 2013, просечната возраст на жените кои го добиле своето прво дете била 26 години, но едно ново истражување покажува дека можеби е попаметно ако малку почекате пред да одлучите да имате деца.
Независните истражувачи на Лондонското училиште за економија ги анализирале податоците од следењето на 18.000 британски деца во подолг период, со цел да се утврдат ефектите на возраста на мајката врз растот и развојот на детето. Златните години? Вашите 30-ти.
Истражувањето докажало дека децата родени од жени кои биле во нивните 30-ти биле поинтелигентни и имале подобри резултати во сите животни области од децата родени од страна на жени во нивните 20-ти или 40-ти.
„Исто така, мајките кои ги добиле своите први деца во нивните 30-ти е поверојатно да бидат пообразовани, да имаат повисоки плати, да бидат во постабилни врски, да имаат поздрави животни навики, како и да побараат пренатална родителска помош и да имаат планирана бременост“, вели експертот Алис Гоисис.
Иако жените кои биле во нивните 40-ти години подолго време доеле, повеќе им читале на своите деца и помалку пушеле цигари, оваа возраст добила свое место и во категоријата каде што било најверојатно да се добијат деца со прекумерна тежина – бидејќи мајките на оваа возраст помалку си играле и биле помалку активни со своите деца.