Жените кои не се плашат да заплачат не се слаби, туку се моќни и емоционално здрави

Жените кои не се плашат да заплачат не се слаби, туку се моќни и емоционално здрави

Плачењето најчесто се смета за слабост. Луѓето се културолошки опседнати со силата и достигнувањата и никогаш не сакаат да покажат колку се ранливи. Меѓутоа, жените кои често плачат всушност ја покажуваат својата ранливост, а за тоа е потребно многу сила. Само психички моќните личности гласно и јасно му кажуваат на светот за што се грижат и за што се вознемирени.

Жените кои не се плашат да заплачат не се слаби, туку се моќни и емоционално здрави

1. Тие се физички здрави

Според истражувањата, плачењето нѐ прави поздрави. Задржувањето на емоциите може да предизвика многу разни нарушувања, а стресот со кој нема да се соочиме на адекватен начин може да го зголеми ризикот од сите типови физички проблеми кои влијаат на сѐ, од кожата до срцето. Плачењето, исто така, ја снижува количината на природни хемикалии во организмот кои доведуваат до анксиозност.

2. Спремни се на болка за повторно да се чувствуваат добро

Кога плачете, тоа покажува дека сте си дозволиле себеси да почувствувате нешто што не е пријатно. Тоа може да биде болно или тешко да се совлада, но вие со тоа се соочувате веднаш. Солзите се како еден вид инструмент кој ви помага да ги испуштите насобраните емоции, а откако ќе се исплачете, веднаш ќе се почувствувате многу подобро. Оваа теорија е поддржана и од страна на науката: Расположението на луѓето значително се подобрува кога ќе се исплачат.

3. Тие се храбри

Покажувањето ранливост бара сериозна храброст. Плачењето пред другите е исто како некому да сте испратиле покана до вашето срце, а постои ризик ваквото отворање емоционално да ве загрози. Можете да бидете осудувани, омаловажени или пак, да станете прифатени и поблиски со личноста пред која сте ја откриле својата ранливост.

4. Не дозволуваат нешто да остане недокажано

Ако сте отворени во поглед на вашите емоции, вие сте совршената личност кога се потребни брзите интервенции. Жените кои лесно заплачуваат се одлични во комуникацијата. Чувствителни се и на туѓите емоции и можат да разговараат без да се срамат или да се чувствуваат виновни. Тие се многу храбри кога е потребно да се отворат, без оглед на тоа за која тема се работи.

5. Тие живеат автентично

Жените кои се подготвени да бидат ранливи чувствуваат емоции и плачат се во состојба да ја почувствуваат целата радост на животот и да бидат отворени кон позитивните искуства. Ако сте подготвени гласно да заплачете, тогаш сте подготвени и гласно да се смеете. Ако немате проблем да го покажете својот несовршен живот пред другите, вие со тек на време ќе станете храбра и реална личност.

6. Тие имаат одлична смисла за самосвест

Самосвеста е нешто за што се потребни време и пракса. Кога ќе одвоите време да заплачете, тоа е добар знак со кој покажувате дека го слушате својот внатрешен водич. Подобро се соочувате со она што се случува во вашиот ум и ги разбирате своите емоции. Кога сте во контакт со своите емоции, имате алати да сфатите што е тоа што го посакувате во животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар