Жени ги признаваат најсмешните грешки кои ги направиле во кујна
Кујната може да биде многу, многу опасно место. Миксери, рерни, ножеви… Ако размислите, таа е нешто како соба за мачење, додека готвењето е смртоносна стапица. Колку пати сте го пресекле вашиот прст, сте изгореле рецепт или пак, сте почнале мини пожар? Изгледа овие нешта не се толку необични како што сте мислеле… Погледнете ги следниве грешки во кујната со кои различни жени се соочиле и размислете, што е најнезаборавното нешто кое вие сте го направиле при готвењето?
„Се обидов да печам колачи без притоа да ја вклучам рерната. Ми требаше многу повеќе време да си ја сфатам грешката одошто би признала.“
„Еднаш одмрзнав леб во микробрановата печка… И направив пожар.“
„Додека готвев, во рецептот пишуваше дека треба да искористам маслиново масло, а јас по грешка турив оцет.“
„Вчера се обидов сама да си готвам. Денес имам труење од храна.“
„По грешка го послужив мојот сопруг со недопечена риба и кога тој ми рече дека текстурата не му изгледа во ред, се преправав дека не знам за што зборува.“
„Еднаш пиев додека готвев и ја наместив рерната на 20 степени, ја ставив пицата внатре и печев 180 минути.“
„Кога не ми работеше шпоретот се обидов да зготвам колбас на пегла за алишта.“
„По грешка готвев со белило наместо со растително масло и за малку ќе го изедев тој оброк.“
„Последен пат кога готвев, се активираше алармот за чад, имаше мала експлозија и рерната мораше да биде заменета. Се обидов да направам овесна каша.“
„Среќа што постојат ресторани, бидејќи последниот пат кога се обидов да готвам успеав да запалам вода.“
„Се обидов да печам палачинки во рерна и воопшто не успеав.“
„Се обидов да направам домашен чипс и ја запалив рерната. Среќа што имав апарат за гаснење пожар.“
„По грешка ја зготвив храната за кучиња, мислејќи дека е мелено месо и им ја послужив на роднините.“
„Ретко подготвувам палачинки, но кога го правам тоа, моето тавче се погрижува тие да бидат половично испечени и целосно изгорени.“