Жената што го бара својот дом: „Потекувам од Југославија, земјата што повеќе не постои“

Жената што го бара својот дом: „Потекнувам од Југославија, земјата што повеќе не постои“

Две децении по почетокот на војната во Југославија и успешниот живот во Њујорк, уредничката на категоријата за патување на сајтот на BBC, Ања Мутич, одлучила да се врати таму каде што е родена, или како што кажала самата, во земјата која веќе не постои.

Жената што го бара својот дом: „Потекувам од Југославија, земјата што повеќе не постои“

Ања пораснала во Загреб, денешниот главен град на Хрватска. Детството го поминала како и секоја друга девојка. Си играла со Барби кукли, собирала колекции, а во тинејџерството ја гледала серијата „Беверли Хилс“ (Beverly Hills).

Кратко потоа започнал распадот на Југославија а со него и војната, па Ања одлучила да избега. Сепак таа не се чувствува како бегалец бидејќи „доброволно се протерала од државата“. Но, и 15 години по оваа одлука, во неа останала празнина која постојано ѝ поставувала едно прашање: Каде е мојата вистинска куќа?

Со водичи почнала да патува во сите поранешни југословенски држави – Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Македонија. Тогаш имала прилика да се запознае со многу луѓе и да ги ислуша нивните приказни.

Патувањето траело околу 6 недели, односно по речиси цела недела во секоја република. Во текот на патувањето сретнала многу луѓе со кои разговарала. Наскоро сфатила дека повеќе не ѝ се потребни туристичките водичи бидејќи сè што барала ѝ го дале луѓето коишто ги запознала.

Приказните кои ги слушнала од над 50 луѓе се доказ дека духот на Југославија сè уште живее.

„Морам да признаам дека за мене Југославија никогаш не се распадна. Југославија е местото на коешто живеам , она што сум и засекогаш ќе остане така“, ѝ рекла Данче од Македонија.

Сабрие Елези и Усние Фетахи кои исто така се од Македонија ѝ кажале дека животот тогаш бил многу подобар. Штом завршила средбата со нив, Ања се вратила во својата соба да пишува. Некои од нејзините соговорници биле расположени за политички расправи и имале сопствени теории за распадот. Други имале идеи, па дури и омраза кон бившите членки на Југославија. Но, Ања не успеала да добие одговор на прашањето што го имала.

По враќањето во Њујорк Ања дошла до заклучок дека сите луѓе во текот на животот имаат некоја „голема приказна“. На почетокот на патувањето се надевала дека ќе ги најде своите корени и чувство на припадност. Се вратила со нов став и сега верува дека поимот „дом“ е флексибилен и дека земјата во којашто пораснала веќе не постои. Тоа било едно обично патување до местата каде што започнало сè.

Погледнете и некои од најубавите споменици од поранешна Југославија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар