Жената од огледалото – успешна жена!

Жената од огледалото – успешна жена!

Има една жена, ја гледам секој ден во огледалото. Мислев дека ја познавам, но погрешив. Верував дека е многу слаба, плашлива, немоќна. Верував дека никогаш нема да успее и засекогаш ќе остане никој и ништо. Ми делуваше дека никогаш нема да собере храброст да се бори за себе и за подобар живот. Ги знаев сите нејзини соништа, желби, мечти, фантазирања. Ја набљудував како фантазира, повлечена во себе, за тоа како е убава, успешна, сакана, ценета, среќна, весела. Но, не беше таква. Беше губитник, ништо не ѝ одеше од рака.

1-zhenata-od-ogledaloto-uspeshna-zhena-www.kafepauza.mk_

Со текот на времето започна да се мрази себеси. Престана да се восхитува на своите таленти и способности, бидејќи не веруваше дека од нив ќе има добивка. Цврсто веруваше дека не може секој да успее во животот. Не, тоа го можат само великани, посебни луѓе, некои кои се родени такви.

А таа не можеше да биде една од нив, бидејќи е обична. И родителите и се обични, и пријателите и се обични. Беше убедена дека никогаш нема да биде подобро и дека таа не може ништо против тоа. Поминуваа години, така, скриена во својата тага, несреќа и на крај болест.

Еден ден и „пукна филмот“.

Некаде прочита дека она во што таа верува и сето она што го мисли и знае можеби не е вистинската состојба на работите. Реши малку повеќе да се задлабочи во целата таа приказна, да истражува. Што е моќта на човечкиот ум? Како човекот може да стане креатор на својот живот? Има ли вистина во тоа? Како тоа функционира? Започна да чита книги, статии, студии, сè она каде што можеше да најде одговор.

Одлуката да престане да живее по разни шеми и туѓи вистини беше најдобрата одлука којашто некогаш ја донела. Знаењето кое го пронајде додека го бараше она нешто скриено кое сите мислат дека им фали, е најдоброто знаење што го имаше стекнато.

Го скроти својот ум, ги заузда своите мисли, усвои нови, конструктивни, позитивни, освежувачки ставови, кои полека започнаа да привлекуваат извонредни, скоро магични околности, луѓе, случувања.

Денес, со насмевка на лицето, се сеќава на тие тешки денови. Не е огорчена, бидејќи сфати дека сè во животот е школо, вежба и искуство за напредок. Денес постои за сите тие мудрости кои ги научи, да им ги подари на оние кои сакаат да направат промена. За на светот да има помалку тажни и депримирани, а повеќе среќни, весели, успешни, здрави…

Денес за себе може да каже дека е – успешна жена.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар