Жената која чува разиграни и мили тигри како домашни миленичиња

Жената која чува разиграни и мили тигри како домашни миленичиња

Тигрите се бестрашни мачки од џунглите кои се познати по суровоста, силата и храброста, но 57-годишната Џенис Хејли од Орландо, Флорида успеала да ја покаже и нивната понежна страна. За Џенис, овие животни се како мали мачиња кои сакаат прегратки. Додека ја гледате како си игра со своите две миленичиња, бенгалските тигри Џенда и Сајбер ќе сфатите зошто. Тие се неодоливи и разиграни како нивните помали домашни братучеди. Овие тигри живеат во нејзиниот двор каде што таа поминува многу време со нив. Дури и ги храни со рака, 3 пати во денот.

Жената која чува разиграни и мили тигри како домашни миленичиња

„За нив јас сум мајка,“ објаснува Хејли. „Тие ме галат по лицето и ми дозволуваат да ги бакнам на носот.“

Сѐ започнало во 1995 година, кога Хејли одлучила да даде отказ од нејзината досадна канцелариска работа и го послушала советот од сопругот, да почне да работи со егзотични животни. Оттогаш па наваму, таа чувала различни видови мачки и соработувала со голем број волонтери кои ѝ помагале да се грижи за нив.

Жената која чува разиграни и мили тигри како домашни миленичиња

„Луѓето кои сметаат дека е сурово да се држат овие животни во заробеништво имаат право, до некаде,“ вели Хејли. „Кафезот не е идеално место за еден тигар. Но, во овој момент, во дивината, не постои многу надеж дека тие би преживеале, а доколку нема неколку од нив затворени на безбедно, за неколку години од сега може целосно да исчезнат. Тие тука се згрижени и сакани. Според мене, не би ми пречело ни јас да сум тигар во мојот двор.“


 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар