Жената е како цвет, потребни ѝ се само сончеви зборови: Романтични цитати од Ерих Марија Ремарк
Книгите кои овој познат германски писател ги оставил зад себе се засновани на живи емоции и ликови кои поминувале пред неговите очи и живееле во неговото срце. Страсната љубов го обземала во текот на целиот живот, додека страшната војна ја разбивала волјата, верата и судбината на човекот. Тој пишувал за изгубена генерација во која немало место за луѓето кои не ги искусиле стравовите од војната. Погледнете дел од неговите најмоќни цитати.
„Ниту еден човек не може да стане толку голем странец, како оној кој си го љубел во минатото.“
„Љубовта не трпи објаснување, неа ѝ се потребни дела.“
„Секоја љубов сака да биде вечна. Во тоа е нејзината најголема мака.“
„Само ако конечно се разделиш со човек, почнуваш вистински да се интересираш за сè што го интересира. Тоа е еден од најголемите парадокси на љубовта.“
„Само несреќниот знае што е среќа. Среќникот ја чувствува радоста на животот не повеќе од кукла – тој само ја покажува таа радост, но таа не е неговиот ден. Светлото не свети кога е ден. Тоа свети во темнината.“
„За среќата може да се зборува 5 минути, не повеќе. Нема што повеќе да се каже од тоа дека си среќен. А за несреќата, луѓето зборуваат со денови и ноќи. Всушност, човекот е среќен само тогаш кога најмалку обрнува внимание на времето и кога не го брка страв. Но, ако те брка страв, ти сепак можеш да се насмееш. Што друго би правел?“
„Среќата е најнеопходното и најскапото нешто на светот.“
„Додека човекот не се предаде, тој е појак од својата судбина.“
„Колку е човекот попримитивен, толку поголемо мислење има за себеси.“
„Не постои ништо подосадно од тоа да се биде присутен тогаш кога човек го демонстрира својот ум. Особено ако умот е отсутен.“
„Најсилниот карактер е кај циниците, а најнеподносливиот кај идеалистите. Зарем не мислите дека тоа е чудно?“
„Ако сакате луѓето ништо да не забележат, немојте да бидете внимателни.“
„Дечко, запомни само едно нешто: никогаш, никогаш и уште едно никогаш, нема да бидеш смешен во очите на жена освен ако не направиш нешто поради неа.“
„Мислам дека жената не треба да му кажува на мажот дека го љуби. За тоа нека говорат нејзините среќни очи. Тие се поречити од нејзините зборови.“
„Жените треба или да се благословуваат и обожаваат, или да се остават. Сè останато е лага.“
„Ако жената припаѓа на друг човек, таа е пет пати попожелна од онаа која можете да ја имате. Старо правило. “
„На жените не треба ништо да им објаснувате, со нив треба само да делувате.“
„Жена – таа не е предмет, туку цвет. На неа ѝ се потребни сончеви, нежни зборови. Подобро секој ден да ѝ говорите нешто убаво, отколку цел живот со лутина и без да работите за неа.“
„Стоев пред неа, ја слушав, ѝ се смеев и мислев колку е страшно да се љуби жена и притоа да се биде сиромашен.“
„Тоа што не можеш да го имаш, секогаш изгледа поубаво од тоа што го имаш. Во тоа е суштината на романтиката и идиотизмот на човечкиот живот.“
„Каење – најнепотребното нешто на светот. Не можете да вратите. Не можете да поправите. Во спротивно сите би биле светци. Животот не планирал за нас да биде совршен. Оној кој е совршен, припаѓа во музеј.“
„Понекогаш треба да се газат принципите, инаку нема никаква радост од нив.“
„Подобро е да умрете кога живеете, отколку да живеете до оној момент кога ќе посакате да умрете.“
„Што и да ви се случи, не си земајте при срце. Малку нешта на овој свет можат долго време да бидат важни.“