Жена за првпат си го слуша гласот после 40 години
Џоан Милн страда од Ашеров синдром, што претставува многу ретка болест која ги погодува сетилата за вид и слух. Таа е родена глува и така живее сиот свој живот. За жал, во дваесеттите години го изгубила и видот, кога животот ѝ станал значително потежок.
На 40-годишна возраст се решила на имплантација на апарат за слушање, а морала да чека дури 4 недели за да се види дали операцијата била успешна. Ова е моментот кога се вклучува апаратот за слушање и таа за првпат го слуша својот глас и гласот на докторката кој предизвикува силни емоции кај Џоан.
„Многу сум среќна. Во изминативе 48 часа слушнав како некој се смее зад мене, како птиците црцорат и се дружев со моите пријатели, кои не мораа да ме тапнат по рамо за да ми го привлечат вниманието. Тоа е голем напредок“ – вели Џоан.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.