Жена од Малави поништила 850 детски бракови во нејзината држава и ги вратила девојчињата на училиште
Живееме во навистина мрачен период каде што во државите од третиот свет насилството против жените е навистина засилено. Многу луѓе веруваат дека општествата кои ги почитуваат жените како човечки суштества се оние кои можат да напредуваат. Но и покрај многуте луѓе кои се залагаат и го проповедаат ова, жените ширум светот се соочени со сексуално, физичко и ментално малтретирање. Нештата како детски бракови постојат и денес, а жртвите немаат никаква економска, ниту социјална поддршка.
Но една жена од Малави поставила неверојатен пример. Тереса Качиндамо, матријарх од Малави, успеала да ја искористи нејзината моќ најдобро што може. Таа има власт над околу 900.000 луѓе и изминативе години успеала да поништи 850 детски бракови во нејзината област. Покрај тоа, им помогнала на жртвите коишто ги спасила да продолжат со нивното образование.
Според извештај на Обединетите Нации од 2012-та година, повеќето девојчиња од Малави стапуваат во брак пред да наполнат 18 години. Во ова опкружување, Тереса станала вистински поборник за правата на жените и децата.
И покрај нејзините обиди да го забрани стапувањето во брак пред 18 години, жителите на Малави ги злоупотребуваат нивните родителски права, па ги венчаваат девојчињата уште на 12-годишна возраст. Оние од власта коишто ѝ се спротивставувале биле присилени да дадат оставка. Многу често Тереса самата го плаќа образованието на девојчињата што ги спасува од овие бракови. Сега таа се обидува да ја помести старосната граница за стапување во брак на 21 година.
Малави е навистина сиромашна држава и се наоѓа речиси на дното кога станува збор за човечкиот развој. Едно од пет девојчиња овде е жртва на сексуално насилство, а 10% од населението имаат ХИВ или СИДА.
Во овие околности Тереса се обидува да ги забрани и таканаречените кампови за сексуална иницијација, каде што се испраќаат навистина млади девојчиња пред да стапат во брак. Ритуалите за наводно прочистување кои се изведуваат овде се навистина вознемирувачки и перверзни.
Иако овие факти ѝ се познати на јавноста со години, многу родители и луѓе кои се на власт ги поддржуваат. Најчесто причината е тоа што девојчињата се гледаат како економски товар, но и поради нивната конзервативна политика.
Тереса се заканила дека ќе ги отстрани сите луѓе од власта кои ги охрабруваат овие „традиции“ и покрај тоа што со години добива закани по живот. Без сомнение Тереса е херој на нашето време и повеќе би требало да го следат нејзиниот пример.
Знаете ли кои се работите во Саудиска Арабија кои жените не можат да ги прават без дозвола од маж?