Згодните момци зад објективите на најпознатите модни болгерки

Згодните момци зад објективите на најпознатите модни болгерки

Кога станува збор за собирање луда количина следбеници на Инстаграм, модните блогерки можат да напишат цели книги со совети. Нивните беспрекорни пози и неодоливата модна комбинација што ја одбрале за тој ден е нешто во што секоја млада девојка ужива. Тие постојано ги кршат модните норми и поставуваат нови трендови, па затоа и толку им се воодушевуваат. Но тоа што малкумина се запрашуваат за овие девојки е нивниот партнер во криминал, односно фотографот. Најчесто станува збор за нивните сакани! И покрај тоа што дамите што владеат со Инстаграм се навистина прекрасни за гледање, и личностите зад објективот се доволно згодни за да ви го направат овој дел подобар. Погледнете и самите…

1. Фредерик Харел и Том Харел

(1) Згодните момци зад објективите на најпознатите модни болгерки

Зарем можете да најдете маана на овој пар? Тие се неверојатни во секој поглед.

2. Кара Ван Броклин и Броуди Ван Броклин

(2) Згодните момци зад објективите на најпознатите модни болгерки

Броуди изгледа како да е брат близнак на познатиот актер Лијам Хемсворт, се согласувате?

3. Оливија Палермо и Јоханес Хјубл

Не само што Јоханес изгледа „жешко“, туку тој е еден од ретките што владее на модната сцена заедно со својата сопруга.

4. Емили Шуман Фулер и Џефри Фулер

(4) Згодните момци зад објективите на најпознатите модни болгерки

Џефри Фулер е дефиниција за згоден татко – сите татковци треба да земат неколку совети од него.

5. Џули Саринана и Кевин Беру

(5) Згодните момци зад објективите на најпознатите модни болгерки

Кевин успеал да го научи и секси погледот надолу, што е правило број еден за успешните блогерки на Инстаграм.

Преминете на следната страница за останатите парови…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар