Згодни мажи кои биле родени како жени ги освојуваат срцата на сите

Згодни мажи кои биле родени како жени ги освојуваат срцата на сите

Во 2015-та година, Лоиза Ламерс од Холандија станала првата трансродова личност што победила во натпревар за топ модели. Натпреварот го остави својот белег во историјата на модата. Целосно менувајќи го лицето на убавината, трансродовите мажи и жени често се појавуваат и на насловните страни на списанија, како и на модните писти. Во продолжение прочитајте ги 9-те приказни на овие неверојатно згодни трансродови мажи кои ги кршат правилата за убавина.

1. Балијан Бушбаум

Згодни мажи кои биле жени ги освојуваат срцата на сите

Во 2007-ма година Ивон Бушбаум, олимписки атлетичар од Германија, најавил дека се пензионира бидејќи сака да направи операција за промена на полот. Според Балијан, тоа било одлична одлука и тој признава дека уште од најраното детство чувствувал како да е во погрешно тело и отсекогаш сакал да го промени. Денес работи како животен тренер и неговите фотографии често се појавуваат во модните списанија.

2. Чаз Боно

Згодни мажи кои биле жени ги освојуваат срцата на сите

Чаз Боно е единственото дете на познатите изведувачи Сони Боно и Шер. Бил роден како Чесити Боно во 1969-та година и се појавил на шоуто на неговите родители кога бил мало девојче. До 2000-та година работел како актер, писател и медија директор за здружението GLAAD, Алијанса на геј и лезбејки против клевета. Во 2008-ма година, Боно ја започнал половата трансформација.

3. Бак Ејнџел

Згодни мажи кои биле жени ги освојуваат срцата на сите

Бак е вистинска легенда и икона на ЛГБТ заедницата. Роден е како Сузан и работел како професионален женски модел, криејќи ја својата тајна со години. Притисокот од збунетоста за полот имал влијание на неговиот карактер и почнал да злоупотребува разни супстанци. Одлуката да го промени полот со операција му помогнала да започне нов живот. Денес има продукциска компанија за филмови за возрасни и работи како модел и писател.

4. Лукас Силвеира

Згодни мажи кои биле жени ги освојуваат срцата на сите

Лукас е рок музичар и композитор од Канада роден како Лилија Силвеира. Во 2004-та година Лукас се појавил пред неговото семејство како трансродов маж. Денес е фронтмен на бендот Clicks и е ЛГБТ активист.

5. Катастрофи

Згодни мажи кои биле жени ги освојуваат срцата на сите

Роко Каиатос, познат по неговото уметничко име Катастрофи, е американски рапер и продуцент. Неговата кариера започнала уште во 1998-ма година. Роко се смета за еден од првите трансродови мажи во хип-хоп жанрот. Моментално се појавува не само како пејач, туку и како актер и модел.

6. Џејми Вилсон

Згодни мажи кои биле жени ги освојуваат срцата на сите

Џејми е 20-годишен кантри музичар кој живеел како жена 18 години пред да подлегне на операција за промена на полот. По 2 години тренирање и хормонска терапија, Џејми е непрепознатлив. Сега го очекува кариера на модел и се има појавувано во неколку реклами за долна облека.

7. Томас Бити

Згодни мажи кои биле жени ги освојуваат срцата на сите

Томас го привлече вниманието на светот како првиот бремен маж. Бидејќи неговата сопруга била стерилна, тој се одлучил да ги зачува репродуктивните органи за да можат да имаат дете. До денес има 3 деца кои ги родил самиот. Моментално е писател и застапник за трансродовите и сексуалните проблеми.

8. Ајдиан Даулинг

Згодни мажи кои биле жени ги освојуваат срцата на сите

Тешко е да се поверува дека ова истетовирано момче пред само 8 години живеело како жена. Ајдиан има Јутјуб канал посветен на неговата транзиција и бодибилдингот. Се прослави во 2015-та година кога беше помеѓу првите 5 натпреварувачи во едно реално шоу.

9. Бен Мелзер

Згодни мажи кои биле жени ги освојуваат срцата на сите

Бен е роден во 1987-ма година како девојче по име Ивон Мелзер, но отсекогаш се чувствувал неудобно во неговото тело. На 23-годишна возраст решил да го промени својот пол. Денес е познат во светот на модата и е првиот трансродов маж кој се појавил на насловната на европското списание Men’s Health. Изминатите неколку години тој учествувал на разни модни проекти од големи брендови и дизајнери. Според него, Ивон како никогаш да не постоела.

Дали знаете што претставува андросексуалност?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар