Земјотресот го претворил овој град во рушевини, но благодарение на него бил откриен антички град

Земјотресот го претворил овој град во рушевини, но благодарение на него бил откриен антички град

Илјадагодишната историја на гратчето Конца дела Кампанија кој се наоѓа на југот на Апенинскиот Полуостров, била прекината на 23 октомври 1980 година.

Земјотресот го претворил овој град во рушевини, но открил и друг антички град

Во земјотресот со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала загинале речиси 3000 луѓе. Иако, честопати досега градовите биле обновувани на истото место по слични трагедии, овде штетата била преголема, па така веднаш до старата локација на градот бил изграден нов град со модерна инфраструктура.

Земјотресот го претворил овој град во рушевини, но открил и друг антички град

Урнатините од стариот град се распослани на рид, но занимлив е фактот дека тука се наоѓаат и други рушевини од античкиот град Компса, откриени дури по раскопувањето по земјотресот. Факт е дека на ова место живеат три генерации од различни епохи што го прави градот необична туристичка дестинација.Компса бил населен во 6 век п.н.е., но зачувани се остатоци од римското владеење како форумот и амфитеатрот. Сепак, интересен е фактот како античкиот град бил откриен благодарение на земјотресот.

Земјотресот го претворил овој град во рушевини, но открил и друг антички град

Денешните жители на гратчето не сакаат да се сеќаваат на трагедијата и затоа претпочитаат да зборуваат за она што им го донесе земјотресот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар