Зелена оаза во Мадрид која 400 години била забранета за „обичните“ луѓе

Зелена оаза во Мадрид која 400 години била забранета за „обичните“ луѓе

Најголемиот јавен парк во Мадрид го опфаќа западниот дел на градот на 17 квадратни километри, што го прави пет пати поголем од Централниот парк во Њујорк. Сместен е веднаш до кралската палата, а неговиот живот не бил ништо поразличен од кралскиот.

 Зелена оаза во Мадрид која 400 години била забранета за „обичните“ луѓе

Роден е во 16 век, кога кралот Филип Втори одлучил да го премести дворот во Мадрид. Покрај кралската резиденција, потребен бил и парк достоен за крал. Името Casa de Campo буквално значи селска куќа. Имало огромен имот што се протегал од кралската палата сè до музејот Ел Пардо, а обичните луѓе не можеле да влезат внатре. Речиси 400 години тоа били привилегија само на кралското семејство и избраните среќници, но конечно во 1931 година портите на паркот беа отворени за јавноста. За време на Шпанската граѓанска војна скоро три години бил под окупација, така што и денес е можно да се видат остатоците од војната како бункерите.

Денес уживаат и локалните жители и туристите. Покрај езерото има ресторани и кафулиња, а омилен е меѓу рекреативците кои овде трчаат, пливаат и играат фудбал и тенис.

Внатре има забавен парк со 48 атракции: од лулашки што го запираат срцето до хорор атракции инспирирани од серијата The Walking Dead. Исто така, има капацитети за љубителите на помирни активности, како што е зоолошката градина во Мадрид или музичките фестивали кои, особено во текот на летото, собираат голем број луѓе. Со текот на времето, се појави и неочекувана форма на забава и заработка.„Дамите на ноќта“ започнаа да го користат паркот како место за средби, што предизвика незадоволство кај некои жители. Имаше дури и предлози да се воведат правила за пристоен фустан, но шефот на полицијата ги одби. По целата драма, дамите претежно се преселија на некои други улици.

Ќе ви треба цел ден да го посетите, но убедени сме дека неколку часа прошетки во природа ќе ве расположат и ќе ве натераат да се вратите повторно.

 Зелена оаза во Мадрид која 400 години била забранета за „обичните“ луѓе

 Зелена оаза во Мадрид која 400 години била забранета за „обичните“ луѓе

 Зелена оаза во Мадрид која 400 години била забранета за „обичните“ луѓе

 Зелена оаза во Мадрид која 400 години била забранета за „обичните“ луѓе

Погледнете кои се 6-те најубави мостови на светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар