Здравиот живот започнува од домот!
Едно неодамнешно истражување покажа дека на Европејците здравиот дом им е поважен за здравјето отколку избегнувањето на цигарите или редовната физичка активност. Па така, создавањето на здрав дом станува важен фактор за здравиот животен стил. Ова е заклучокот од новото истражување на „Healthy Home Barometer“, коe го спроведе групата VELUX.
Животот во нездрави услови може да доведе до астма, хроничен замор, лошо да влијае на работата и да ја наруши способноста за учење кај децата. Научниците предупредуваат на овие и на другите опасности со кои се соочуваме доколку живееме во нездрав дом. Меѓутоа, кога се во прашање конкретните активности за отстранување на овие опасности, иако сме свесни, не преземаме ништо за да ги елиминираме или да ги надминеме.
Ова е уште еден заклучок од оваа студија, која е спроведена помеѓу жителите на 12 европски земји. Идејата на ова истражување била да ги стави во фокус нашите размислувања и постапки кога е во прашање нашето здравје и здравјето на нашите најблиски.
„Европејците сакаат домови кои се енергетски ефикасни, додека истовремено им обезбедуваат удобност и здрав живот. Луѓето едноставно сакаат здрави домови“ – вели Мишел К. Расмусен, член на VELUX групата и иницијатор на ова истражување.
Факторите за создавање на нездрав дом се движат од нередовно проветрување и сушење на алиштата внатре во домот, па сè до живот со премало осветлување во текот на денот или спиење во премногу осветлени соби.
Свежиот воздух и дневната светлина се поважни од здравиот режим на исхрана
Според оваа неодамнешна студија, испитаниците им дале предност на свежиот воздух и дневната светлина во однос на исхраната богата со овошје и зеленчук. Логично е да се заклучи дека испитаниците попрво би ја унапредиле внатрешната клима во своите домови, отколку да се активираат за да се занимаваат со физички активности и вежбање, подготовка и консумирање на здрава храна или откажување од цигарите.
Меѓутоа, ова воопшто не е реалност. Поголем дел од Европејците ја сушат облеката во внатрешните простории од домот, без оглед на фактот што ова го зголемува нивото на влажност, што пак води до респираторни заболувања. Исто така, главно се спие во недоволно замрачени простории, што значи дека телото има помали шанси да се одмори и опорави после долгиот и напорен ден. Дури една четвртина од популацијата одбива да ги проветрува своите домови во текот на зимскиот период.
Иако здравиот дом за многумина од нас претставува приоритет, сепак живееме во услови кои ги нарушуваат нашето здравје и благосостојба.
„Oбезбедувањето природна, дневна светлина во текот на денот и потполн мрак во текот на ноќта значително многу влијае на нашето општо здравје и благосостојба. Исто така и свежиот воздух. Сите овие фактори се дел од здравиот животен стил, како што е и здравиот режим на исхрана и одењето во теретана“ – вели Мишел.