Здрава навика со која Германците ги челичат своите живци во текот на пандемијата
Waldeinsamkeit, германски збор за самостојно уживање во шума во текот на пандемијата, се користи повеќе од било кога. Потребата за свеж воздух, одмор од стрес и сопствените мисли, ги води Германците во Schwarzwald, на север во шумите на Harz, баварските национални паркови, како и други делови на земјата. Waldeinsamkeit е баш како и wanderlust. Вишокот на слободно време, како и времето поминато дома поради пандемијата, буди желба за одење во природа, што го потврдуваат и истражувања.
Студии на Европскиот шумарски институт во Бон, покажале дека шумите северно од Рајна бележат огромен пораст на посетители во последните година дена. Според податоците на истражувањата, голем дел од луѓето кои се заљубени во природата, одат во шума за да почуствуваат мир. Со 90 милијарди стебла, 76 врсти дрвја и околу 1215 растителни врсти кои ги сочинуваат германските шуми, има доволно место за сите кои сакаат да бидат во природа. Шумите покриваат површина поголема од 100 000 квадратни километри, од кои пола е во државна сопственост, а вкупно 33 проценти копнена површина на Германија ја сочинуваат шумите. Наоѓањето мир во шумите е навика која топло ја препорачуваат и лекарите. Поради тоа, не треба да не загрижува фактот што се повеќе луѓе практикуваат waldeinsamkeit, односно поврзаност на природата со самите себе.
Прочитајте и како да го намалите нивото на кортизол за само 20 минути?