Застрашувачко откритие: Колкава количина пластика внесувате во вашето тело на дневно ниво?

Застрашувачко откритие: Колкава количина пластика внесувате во вашето тело на дневно ниво?

Без разлика дали пиете од пластично шише или носите пластична кеса, поголемиот дел од вас доаѓаат во контакт со пластика неколкупати дневно. Колку е тоа штетно?

Според студијата што била спроведена при Универзитетот Викторија, просечниот човек консумира повеќе од 70.000 честички микропластика на годишно ниво, а особено загрижува фактот што сè уште не се знаат здравствените ефекти од оваа консумација. Истражувачите анализирале 26 претходни истражувања чиј фокус биле количината микрочестички пластика во рибите, школките, шеќерите, солите, алкохолот, флашираната вода и водата од чешма, како и во воздухот. Тимот експерти со помош на тие резултати пресметале колку такви честички консумираат луѓето во просек.

Резултатите покажале дека секој човек во своето тело внесува помеѓу 74.000 и 121.000 честички микропластика во само една година, во зависност од животната доба и полот. Но, не сите се согласуваат со овие податоци. Според професорот по екологија Алестер Грант, овие резултати не треба да се сфаќаат премногу сериозно.

„Авторите на студијата ја мереле консумацијата на микропластиката исклучиво со помош на измерена концентрација во храната и во воздухот. Според тоа, испаѓа дека човекот во еден ден преку устата внесува 142 честички и вдишува уште 170. Овие големи броеви се всушност годишна прогноза. А и сè уште не постојат докази дека се значајно штетни за човечкото здравје“, изјавил д-р Грант. „Еден од изворите кои ја мерат концентрацијата на честички во воздухот вели дека проучуваните честички се многу големи за човекот да може да ги вдише, па оние што навистина стигнуваат до белите дробови се значително помалку.“

Микропластика се нарекуваат ситните честички пластика кои луѓето незнајно ги консумираат додека јадат и дишат. Иако ефектите на микропластиката сè уште не се познати, научниците предупредуваат дека тие се доволно мали да влезат во човечкото ткиво и да создадат имунореакција како и да ослободат отровни супстанци.

Време е за промена! Што мислите за оваа идеја? Азиските супермаркети се враќаат на користењето листови наместо пластика.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар