Застрашувачко истражување: Луѓето уништиле 83% од сите диви животни на Земјата

Застрашувачко истражување: Луѓето уништиле 83% од сите диви животни на Земјата

И покрај тоа што луѓето припаѓаат на само 0,01% од сите живи суштества на Земјата, тие предизвикале навистина голема штета. Според една проценка за животот на планетата, луѓето се виновни за истребувањето на 83% од дивите животни, како и 50% од растенијата.

Застрашувачко истражување: Луѓето уништиле 83% од сите диви животни на Земјата

Ова ново истражување е првото кое ја утврдило „тежината“ на секое живо суштество и според него бактериите зафаќаат 13%, а животот во морињата и океаните зафаќа 1% од целата биомаса. Исто така се утврдило дека растенијата ги има во најголем процент, односно 82%. Останатите суштества како инсекти, габи и животни зафаќаат само 5%. Професорот Рон Мило од Институт за наука во Израел изјавил:

„Се шокирав кога открив дека нема проценка на сите делови од биомасата. Се надевам дека ова ќе им даде перспектива на луѓето за доминантната улога на човештвото на Земјата.“

Поради огромната промена предизвикана од луѓето, научниците сакаат да декларираат нова геолошка ера – Антропоцен.

Истражувањето исто така покажало дека живината на фармите зафаќа 70% од птиците, односно само 30% од нив се диви. Покрај тоа, дивите животни се одговорни само за 4% од бројот на цицачите, додека добитокот зафаќа 60%, а луѓето 36%.

„Навистина е запрепастувачки. Во филмовите за дивиот живот гледаме јата птици од сите видови, но со анализата откривме дека има многу повеќе птици кои се одгледуваат.“

Промените на нашата планета ги натерала научниците да размислуваат за 6-тото големо истребување на Земјата во нејзиното постоење од 4 милијарди години. Луѓето предизвикале голема штета со фармерството, сечењето дрва и развитокот. Моментално изгубени се 50% од животните во само 50 години. Ова значи дека сега има само шестина од дивите животни.

„Кога редам сложувалки со ќерките обично има слон до жирафа, па до носорог. Но ако им дадев пореалистична слика на светот ќе има крава до крава и потоа кокошка. Нашиот начин на исхрана има големо влијание на живеалиштата на животните, растенијата и другите организми. Се надевам дека луѓето ќе го земат предвид истражувањето и ќе го сменат начинот на консумирање. Јас не станав вегетаријанец, но мислам на последиците од моите постапки. Размислувам дали сакам да јадам телешко или пилешко, или тофу наместо тоа.“

Пол Фалковски од Универзитетот Ратгерс во САД го коментирал истражувањето:

„Постојат 2 важни нешта што треба да се земат предвид со ова истражување. Прво, луѓето се екстремно ефикасни во користење на природните ресурси. Луѓето ги одгледуваат, и во некои случаи ги уништуваат дивите животни за храна или задоволство на сите континенти. Второ, биомасата на растенијата доминира на глобално ниво и поголемиот дел од таа биомаса е во форма на дрво.“

Погледнете и кои видови храна ѝ штетат на природата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар