Застрашувачки викторијански стандарди за убавина кои сме среќни што денес веќе не постојат

Застрашувачки викторијански стандарди за убавина кои сме среќни што денес веќе не постојат

Доколку мислите дека некои од денешните стандарди за убавина се чудни, тогаш овие од викторијански Лондон ќе ве остават целосно без зборови. Во ерата каде што самата кралица ја напаѓала шминката и каде што се сметало дека сенката за очи ги обележува проститутките, жените морале да прават необични, а понекогаш и штетни нешта со цел да го постигнат она што се сметало за убавина. Погледнете дел од најнеобичните „третмани“ низ кои сите жени поминувале во викторијанската ера…

Застрашувачки викторијански стандарди за убавина кои сме среќни што денес веќе не постојат

Ставање отров во очите со цел нивните зеници да изгледаат поголеми

Во викторијански Лондон, жените ставале од отровот Беладона во своите очи со цел да предизвикаат тие да им изгледаат посјајно. Проблем? Бидејќи станува збор за отров, тој ги зголемувал зениците на жените, но истовремено и создавал слепило.

Ставање сок од лимон или портокал во очите со цел да се постигне истиот ефект на зголемување на зениците

Подобрата алтернатива од отров била сокот од лимон или портокал со цел да се постигне истиот ефект, но и покрај тоа што не предизвикува слепило, сепак жените морале да поминуваат низ голема болка за време на овој процес. Ви се случило некогаш да се прснете случајно во око со капка од лимон или портокал? Ајде сега замислете какво би било чувството доколку некој ви го истури овој сок директно во зениците.

Користење саѓи како маскара

Жените ставале восок од пчели на нивните трепки со цел да прицврстат саѓи, па дури и скршени скапоцени камења кои ги истакнуваат и издолжуваат нивните трепки. Можеби дијамантските трепки звучат одлично, но што е со ставањето нечистотија во вашите очи?

Обликување на веѓите со катран

За да ги обликуваат своите веѓи, жените топлеле мешавина од катран, смола и темјан која потоа ја нанесувале на нивните веѓи, а понекогаш и на трепките. Доколку не сте знаеле, во денешно време катранот се користи за правење патишта или за изолација на куќи.

Криење на шминката во медицински шишиња

Тие најчесто ја криеле шминката во тајни прегради од нивните чанти или пак, ја пакувале во шишиња со фармацевтски имиња кои докторите лесно им ги припишувале. Богатите жени редовно одбивале да признаат дека носат било каква козметика бидејќи се сметала за несоодветна. Токму затоа, многу жени и ги испраќале своите помошнички или слугинки во друг град за да им купат одредени козметички препарати каде што никој не би ги препознал.

Користење восок од китови во крема за лице

Жените правеле студен крем со бел восок и спермацети. Китовите многу страдале во викторијанската ера бидејќи од нивните коски постојано се правеле корсети, но многу често од нив се земале и спермацети, кои се наоѓаат во главата на китот, бидејќи биле одлични за отстранување на шминката.

Арсен на сите страни

Жените користеле сапуни за лице, шампони и креми кои изобилувале со арсен бидејќи верувале дека тој има огромни придобивки за убавината. Тие дури и се капеле во бањи со арсен за да ја подобрат нивната кожа и да изгледаат помладо. Но, тоа не е сè. Тие исто така и јаделе арсеник. Тој се сметал за витамин за убавина и токму затоа го консумирале во мали количини со цел да имаат посјајна кожа и посветли очи. По подолга употреба, тој предизвикува отекување на тироидната жлезда, а со тек на време и смрт. Исто така, создава зависност и можно е да ве убие доколку решите да престанете да го земате.

Користење олово како коректор

Постоеле голем број пудри за лице кои биле базирани врз олово. Овие пудри правеле прекрасен свилен изглед, сè одека оловото не навлезе во вашето тело и не ви создаде парализираност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар