Застрашувачки тобогани низ аквариум со ајкули
Во последниве неколку години водните паркови се неизбежен дел од летните одмори. Оние кои ги посетиле знаат дека горе-долу сите се исти… Секаде можете да најдете тобогани кои се отворени или затворени, мали или големи, забавни или необични. Но, дали некогаш сте налетале на тобоган кој поминува низ аквариум со ајкули?
Овие тобогани се наоѓаат во хотелите Голден Нагет, Лас Вегас и Атлантис, Дубаи. Во аквариумите можете да забележите најразлични видови ајкули – змијозаби, кафени, зебрести… Тифани Хаук, која работи во хотелот Голден Нагет вели:
„Тобоганот во комбинација со аквариумот е незаборавно доживување кое не можете да го најдете на друго место во светот.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
SAKAAM!!
Jako 😀
Има уште еден ваков во Орландо,Флорида (УСА) 😉